КАФЕ ПАУЗА

5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот дом

Познато е дека растенијата со дишењето го собираат јаглеродниот диоксид и испуштаат кислород. Но во процесот тие впиваат и други состојки, вклучувајќи и некои што се опасни за нас. Па, почетокот на пролетта е одличен период да додадете некое растение во вашиот дом. Следниве 5 се едни од најдобрите за прочистување на воздухот во вашиот дом.rn

1. Спатифилум

rn5 растенија кои ќе се борат против токсините во вашиот домrnrnЛистовите на ова растение го прават омилен декор на многумина. Покрај тоа, според НАСА ова растение е најдобро за справување со штетните материи во воздухот. На овој цвет му е потребна светла околина и редовно наводнување.rn

2. Аглаонема

rnrnrnОва е можеби најатрактивното растение за прочистување на воздухот. Покрај тоа, можете да го запоставите долг период, а тоа сепак да биде „среќно“. Растението можете да го поставите и на место каде што нема многу светлина.rn

3. Филодендрон

rnrnrnОва растение е лесно за одржување и може да расте речиси насекаде. Најдобро е да го чувате на светло место, но може да вирее и на потемно. Немојте да претерате со негово наводнување.rn

4. Дракаена

rnrnrnСо текот на времето, ова растение може да порасне и до 180 центиметри. Одлично вирее во домашна околина и потребно му е посветло место. Наводнувајте го кога ќе забележите дека земјата е сува, односно еднаш неделно.rn

5. Замиокулкас

rnrnrnОва растение е одлично за почетници бидејќи вирее и на светло и во темно. Растението како да е направено од челик и може да издржи нередовно наводнување.rnrnПогледнете и кои растенија се одлични за вашата спална соба.