Целта на секој родител е да го сака своето дете и да го заштити од зло. Денес штитењето од зло вклучува и штитење од „емоционални повреди“. Стануваме посвесни за влијанието на малтретирањето и критиките врз психата на детето. Но, дали се претерува со нивното штитење?rnrn
rnrnВажно е за децата да разберат дека она што го сакаат не секогаш доаѓа лесно. Ова е најдобриот начин да одгледате емоционални издржливо дете.rnrnПремногу деца и нивните родители гледаат на успехот како нешто магично за кое или се одредени или не. Ако детето не постигне добар резултат како соучениците, веднаш смета дека не е толку паметно. Токму овде се создава рана, а вистината е дека успехот нема толку голема врска со интелигенција или талент.rnrnАко децата научат да се справат со неудобното чувство кога не се во право, и тоа доволно долго за да станат љубопитни за нивните грешки, тие ќе тежнеат кон созревање. Ако на пример вашето дете сака да научи да свири виолина, вашето семејство навистина ќе страда додека тоа стане реалност. На почетокот нема да звучи најдобро, но како што ќе созрева и ќе вежба, ќе се подобри и свирењето.rnrnВашиот син не е добар по математика… сè уште. Вашата ќерка не знае да црта… сè уште. Но, ако се подобруваат за само 1% дневно, за 70 денови ќе бидат двојно подобри. Покрај тоа, давањето награди на децата нема да им помогне. Постојаното фалење на нивната интелигенција не им помага да созреваат. Она што децата треба да го научат е вредноста од тоа да се остане со нешто тешко.rnrnПо навистина напорната работа, децата ќе бидат неизмерно среќни кога ќе ги постигнат посакуваните резултати. Тоа ќе им помогне да се чувствуваат способно и неверојатно.rnrnДали знаете што се случува кога му викате на вашето дете?
Како да одгледате емоционално издржливо дете?
