Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Истражувањата покажале дека само во САД 100 милиони луѓе страдаат од хронична болка. Најчестите видови болка се во долниот дел од грбот (27%) и вратот (15%). Може да биде вистински предизвик да се справите со оваа болка, но замислете како би било засекогаш да се ослободите од неа. Валентин Дикул не само што успеал во тоа, туку создал и цел систем вежби за да им помогне на луѓето да ги променат своите животи.

Како се создадени Дикуловите вежби?

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Валентин Дикул е циркуски гимнастичар со навистина тешко детство. Во 1962-ра година за време на перформанс во Каунас се скршил челичен столб и Дикул паднал од височина од 12 метри. Лекарите изјавиле дека никогаш нема да прооди. Но, Дикул не бил очаен. Почнал да вежба, на почетокот со горниот дел од телото, а потоа и со парализираните екстремитети.

На почеток заврзал јаже на парализираните екстремитети и ги влечел, а со тегови создавал рамнотежа. Тој ја дизајнирал „машината за вежбање“ целосно сам. Благодарение на повеќегодишната упорност, Дикул не само што се вратил на целосно нормалниот живот, туку станал и еден од најсилните луѓе на планетата. Неговото најголемо достигнување е методот за медицинска рехабилитација за луѓе со повреди на ‘рбетот.

Како овој систем на вежбање може да ви го подобри животот?

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Дури и ако избегнете сериозни повреди, некои нарушувања се чести проблеми кај возрасните и децата. Вежбите се различни за секоја состојба, но се многу едноставни. Во продолжение погледнете сет вежби за луѓе со хронична болка во грбот и неудобност предизвикана од остеохондроза.

Прва вежба

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Легнете на грб, испружете ги рацете со дланките свртени надолу. Држете ги нозете исправени, а стапалата споени. Без да ги подигнете главата, рамената или левото стапало, бавно свртете го левиот колк надесно. Останете во оваа положба 2-3 секунди и бавно вратете се во почетната позиција. Повторете и со другата страна.

Втора вежба

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Легнете на грб и раширете ги нозете во ширина на рамената. Прекрстете ги рацете врз градите. Без да ги подигате карлицата и нозете, завртете го левото рамено кон десно. Останете во оваа положба 2-3 секунди и вратете се во почетната. Повторете и со другата страна.

Трета вежба

Што се Дикулови вежби и на кој начин можат да ви го променат животот?

Легнете на грб, спојте ги стапалата и испружете ги рацете со дланките свртени надолу. Без да ги поткревате рамената и главата, придвижете ги двете нозе најдесно што можете без притоа да ги разделите стапалата. Останете во оваа положба 2-3 секунди и вратете се во почетната положба. Повторете во спротивната насока.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар