Кокосово кафе со само 3 состојки – совршено за велигденските пости!
Наполнете ја енергија за време на празничните пости
Потребни состојки:
- 120 милилитри ладно црно кафе
- 400 милилитри кокосово млеко
- 2 смрзнати банани со средна големина
Опциони додатоци:
- Кокосов шлаг
- Кокосови трошки
- Вегански чоколаден сируп
Начин на подготовка:
Барем 2,3 часа порано или претходната ноќ, сместете го кокосовото млеко во фрижидер и оставете го да се олади. Потоа сипете го кафето во калап за лед и сместете го во замрзнувач. Кога овие две состојки ќе бидат подготвени, ставете ги замрзнатите банани во блендер и матете додека не добиете ситни трошки. Додајте го кокосовото млеко. Повторно матете, овој пат сè додека не добиете хомогена и мазна смеса. Потоа додајте ги и ледените кафе коцки и продолжете со матење.
Сипете ја добиената смеса во две чаши. По вкус, декорирајте со кокосов шлаг, кокосови трошки или вегански чоколаден сируп.
Овој рецепт е совршен и за веганите, како и за оние што се на безглутенска исхрана, оние што не консумираат лактоза и оние што ја следат палео диетата.