Дознајте го значењето на најчестите кошмари

Дознајте го значењето на најчестите кошмари

Сите луѓе имале кошмар барем еднаш во животот. Кошмарите знаат да бидат многу вознемирувачки и страшни, но и тие кријат свое значење кое може да ви помогне да ги дознаете тајните на вашата психа. Можеби не сте знаеле дека постојат соновни и научни толкувања на кошмарите. Во продолжение прочитајте ги толкувањата на најчестите кошмари…

Најчестите кошмари и нивното значење

Пајаци

Соновно толкување: Сонувањето пајаци обично значи дека некој ваш близок (најчесто родител или мајчинска фигура) е многу напорен и „плете мрежа“ околу вашиот живот. Можеби се чувствувате како отпадници во одредени ситуации или можеби се обидувате да се држите подалеку од некое примамливо искушение.

Научно толкување: Пајаците се најчестите типови хипнагогични халуцинации, а тоа се живописни сензации што личат на соништа кои се јавуваат кај луѓето кога ќе слушнат, видат, почувствуваат или помирисаат нешто што се случило кратко пред да заспијат. 10% од популацијата доживуваат халуцинации во текот на спиењето.

Тонење и бранови

Соновно толкување: Океаните претставуваат емоции, па ако сонувате како се давите во океан, тоа најчесто значи дека сте преплавени со емоциите што ги потиснувате. Се чувствувате исцрпено, имате премногу обврски и се мачите да издржите до крај.

Научно толкување: Ако сонувате дека се давите, тоа значи дека имате потешкотии со дишењето додека спиете, најверојатно ноќна апнеа или несвесен грч на мускулите кој се јавува кога луѓето заспиваат.

Паѓање

Соновно толкување: Ако сонувате дека паѓате, тоа значи дека чувствувате како да сте потфрлиле или дека одредена ситуација во вашиот живот почнува да се влошува. Исто така, чувствувате дека немате контрола врз работите и дека сте заглавени во дупка од која пробувате да излезете.

Научно толкување: Чувството на паѓате може да биде резултат на течноста што минува во вашето внатрешно уво. Ако доживеете чувство на паѓање заедно со грчење на мускулите, тоа значи дека доживувате хипнагогичен трепет кој обично се случува пред заспивање.

Паѓање на заби

Соновно толкување: Тешко ви е да кажете како се чувствувате или да се изразите. Ако сонувате како ви паѓаат заби, тоа е знак на несигурност или загриженост поврзана со изгледот. Овој сон може да значи и дека правите огромен компромис или дека не сакате да донесете важна одлука во животот. Чувствувате дека немате контрола врз ситуацијата.

Научно толкување: Според научниците, ако сонувате како ви паѓате заби, тоа значи дека имате проблем со анксиозноста.

Некој ве брка

Соновно толкување: Ако сонувате дека некој ве брка, тоа значи дека се чувствувате беспомошно во одредена ситуација или дека одбегнувате вистински животен проблем со кој треба да се соочите. Можеби одбегнувате нешто болно или страшно. Ако постојано сонувате како некој ве брка, тоа е знак дека време е да се соочите со проблемот од кој бегате.

Научно толкување: Вашиот инстинкт за преживување се активирал. Во едно истражување на 1.000 возрасни Германци, 26% од нив сонувале како некој ги брка.

Најчестите кошмари и нивното значење

Доцнење

Соновно толкување: Имате премногу обврски моментално и не можете да издржите повеќе. Можеби чувствувате дека сте пропуштиле важна шанса во животот. Се чувствувате неподготвено и најверојатно минувате низ големи промени во животот на кои не можете да се прилагодите.

Научно толкување: Во истото истражување што го спомнавме погоре, 24% од Германците сонувале дека доцнат.

Замрзнување

Соновно толкување: Ако сонувате дека сте замрзнати, тоа значи дека нешто во вашиот живот било одбиено или игнорирано. Тоа исто така може да значи дека вашите емоции се малку поладни од вообичаено.

Научно толкување: Парализата во спиење се спомнува уште во антички времиња, а науката објаснува дека кошмарите поврзани со замрзнување се токму тоа. Околу 5% од популацијата редовно доживува парализа во спиење.

Правење тест

Соновно толкување: Загрижени сте дека не ги извршувате вашите моментални обврски или сте анксиозни, бидејќи не сте сигурни дали ќе успеете.

Научно толкување: Некои научници веруваат дека сонувањето се случува додека мозокот ги средува информации, па затоа овој сон е почест кај луѓето кои навистина одат на училиште.

Голи во јавност

Соновно толкување: Ако сонувате дека сте голи во јавност, тоа значи дека сте многу анксиозни и самосвесни или дека не сте доследни на себе. Овој сон значи дека се чувствувате многу ранливо.

Научно толкување: Соништата поттикнати од анксиозноста се едни од најчестите примери на повторливи соништа и ги доживуваат 60%-75% од возрасните.

Возило кое е надвор од контрола

Соновно толкување: Немате контрола врз вашиот живот и се обидувате да контролирате ситуација во која се чувствувате беспомошно. Не сте подготвени да преземете некои одговорности. Ако сте патници, можеби чувствувате дека ја предавате контролата некому и тоа не ви се допаѓа. Не сте подготвени да ја препуштите контролата.

Научно толкување: Ако сте доживеале сообраќајна несреќа, овој сон потекнува од пост-трауматичното нарушување предизвикано од инцидентот и на овој начин мозокот се обидува да се справи со траумата.

Умирање

Соновно толкување: Ако ја сонувате сопствената смрт, тоа значи дека се случуваат големи промени во вашиот живот. Смртта е најчесто позитивен симбол на нови почетоци, себе-спознавање или внатрешни промени. Но, појавата на смрт во соништата може симболично да го претставува крајот на нешто во вашиот живот, како на пример врска или работа.

Научно толкување: Ако некој во вашиот живот починал, ваквите живописни и значајни соништа се клучен елемент од процесот на преболување. На овој начин, вашиот мозок се справува со тагата и траумата.

Не сте имале ниту еден од овие кошмари? Можеби ќе ви помогне следнава листа од најчестите кошмари и нивното значење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар