Стручњаците сметаат дека кошмарите се начин на кој вашата потсвест го привлекува вниманието во врска со ситуацијата која ја избегнувате, но која очигледно ви предизвикува проблеми. Заради тоа, најдобро решение е да се соочите со ситуацијата. Мајкл Виго, американски толкувач на соништата, утврдил кои се најчестите кошмари и што тие значат.rnrn
rn
Застрелани сте
rnАко сонувате дека некој пука во вас, тоа би можело да значи дека се соочувате со некаква конфронтација во животот. Се чувствувате како да сте жртва во одредена ситуација.rn
Ви паѓаат забите
rnОва е еден од почестите кошмари. Бидејќи ваквиот сон е поврзан со физичкиот изглед, може да потекнува од вашиот страв од одбивање или од сознанието дека стареете. Истражувањата потврдиле дека жените во менопауза почесто имаат кошмари поврзани со забите. Заради тоа, овој сон се поврзува со процесот на стареење и со комплексот на пониска вредност.rnrn
rn
Во стапица сте
rnСонот во кој сте фатени во стапица или се наоѓате во безизлезна ситуација, може да значи дека сте ограничени во однос на работата, кариерата, здравјето или љубовта. Можеби сте презафатени, постојано брзате или сте изморени од секојдневната монотонија.rn
Се давите
rnОвој сон може да означува дека сте преоптоварени со најразлични емоции и дека потребите ве прогонуваат. Исто така, може да значи и дека премногу брзате да ги откриете вашите потсвесни мисли. Треба да забавите малку. Ако во сонот нема кој да ве извади од водата, тоа значи дека ве очекува емоционална преродба. Ако го преживеете давењето, значи дека ќе надминете некоја поголема пречка.rnrn
rn
Умирате
rnИако сонот во кој ја доживувате сопствената смрт често се поврзува со анксиозност и страв, овој сон може да значи и дека ве очекува некоја голема шанса. Обично ваквиот сон е симбол за нешто добро. Но доколку почесто имате ваков кошмар, тоа може да биде знак дека сте дел од врска која ви нанесува болка.rn
Некој ве брка
rnАко сонувате дека некој ве брка, тоа е знак дека сте несигурни. Сонот во кој бегате од некое животно е симбол за скриен бес. Токму животното го означува бесот. Освен тоа, ваквиот кошмар може да значи и дека бегате од некаков страв.rnrn
rn
Сообраќајна несреќа
rnСонот во кој откажуваат сопирачките на автомобилот значи дека ја губите стабилноста во животот. Случувањата ви се надвор од контрола и треба да направите значајни промени. Ако се наоѓате во автомобил без возач, тоа е знак дека не ја преземате одговорноста за сопствените постапки.rn
Апокалипса
rnДа го сонувате крајот на светот значи дека сте под голем стрес. Исто така, може да значи и дека сте беспомошни и ранливи.rn
Не можете да дишете
rnСонот во кој останувате без здив е знак за исцрпеност. Според истражувањата, овој кошмар е почест кај оние кои страдаат од астма.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
