10 причини зошто интровертите понекогаш молчат

10 причини зошто интровертите понекогаш молчат

Животот на интровертите понекогаш знае да биде навистина тежок, бидејќи нивниот мозок најчесто реагира на 2 начина: Или ќе кажат сѐ што ќе им падне на памет одеднаш или нема да зборуваат ништо. Кога ќе го направат првото, луѓето не им веруваат дека се интровертни. Но, кога ќе го направат второто, другите мислат дека нешто им пречи или дека им е здодевно. Па, што всушност значи тишината на интровертите? Дознајте што се случува во нивната глава кога ќе замолчат за момент…

10 причини зошто интровертите молчат понекогаш

1. Нивниот мозок одеднаш се исклучува

Понекогаш интровертите не можат да се сетат на соодветен одговор за она што другите им го кажуваат. Тишината прави да се чувствуваат уште полошо, бидејќи непријатноста на целата ситуација ги замрзнува. Тие не можат да сфатат дали мислат нешто или не размислуваат воопшто. Мислите им се плеткаат и не можат да ги разберат убаво за да состават нормална реченица.

2. Преокупирани се со други работи

„Дали поракава прави да изгледам глупаво?“, „Дали да нарачам пица или кинеско за вечера?“ се само дел од мислите што можат да го преокупираат мозокот на интровертите. Кога нешто се случува во нивната глава, тие не можат истовремено да разговараат. Тие се концентрираат на она што им се случува во мозокот. Не можат да следат 2 сосема различни текови на мисли истовремено, бидејќи целосно се посветуваат само на едниот процес. Ако почекате малку, тие ќе размислат и ќе наскоро ќе бидат подготвени да се вклучат во разговорот.

3. Не можат да се справат со премногу луѓе одеднаш

Понекогаш е премногу бучно за интровертите! Кога луѓето си упаѓаат во збор едни на други, интровертите се збунуваат. Не знаат дали и тие треба да зборуваат или да чекаат другиот да одговори. Не сакаат да навредат никого и не сакаат да кажат нешто глупаво. Темите се менуваат премногу брзо и тие не можат да си ги средат мислите. Разговорите завршуваат уште пред да почнат и никој не кажува ништо паметно. Интровертите мразат бесмислени муабети и не сакаат да се вклучуваат во такви дискусии.

4. Размислуваат за нешто многу интересно

Интровертите се многу тивки и тоа им помага да го набљудуваат сето она што се случува околу нив. Тие обрнуваат внимание на луѓето кои поминуваат покрај нив, начинот на кој разговараат едни со други, енергијата што владее во просторијата и слично. Тие понекогаш се губат во мислите поради сите тие анализи на деталите што успеале да ги забележат. Другите можеби ќе кажат дека интровертите премногу размислуваат, но тоа е нешто што добро им оди од рака. Понекогаш се фокусираат и на негативни работи, но тоа не се случува многу често. Тие едноставно не можат да разговараат кога умот им е зафатен со други работи.

5. Другите не обрнуваат внимание на она што го кажуваат

Интровертите забележуваат кога некој не ги слуша внимателно. Има моменти кога тие не можат да разговараат за некој проблем, иако би сакале, бидејќи мислат дека на соговорникот не му е грижа. Можеби тие се обиделе да разговараат со истиот човек претходно, но на крајот се чувствувале лошо, бидејќи не го добиле посакуваното внимание. Интровертите не сакаат да се отвораат пред такви луѓе.

10 причини зошто интровертите молчат понекогаш

6. Имаат лош ден

Има денови кога луѓето се во право што ги прашуваат интровертите дали е сѐ во ред. Понекогаш тие навистина не се чувствуваат добро. Можеби некој ги изнервирал на работа, се скарале со близок пријател или едноставно мислат дека сѐ околу нив се распаѓа. Истовремено, тие не сакаат да разговараат за нивните проблеми во моментот. Тие мора прво да го анализираат проблемот. Можеби потоа ќе бидат подготвени за разговор.

7. Сакаат да си одат, но луѓето околу нив не го забележуваат тоа

Интровертите се многу добри слушатели, но навистина не можат да се справат со некои луѓе. Интровертните личности најмногу се нервираат кога некој ги повторува едните исти работи одново и одново. Уште повеќе им пречат луѓето кои постојано се жалат за проблеми што лесно можат да бидат решени ако преземат нешто, наместо да трошат време на жалење. Кога ќе се случи ова, тие даваат сѐ од себе за да испратат суптилни сигнали дека сакаат разговорот да заврши, но понекогаш луѓето не ги разбираат.

8. Немаат енергија

Колку и да звучи клише, понекогаш не е до вас, туку до нив. Можеби работеле премногу долго без да се наспијат доволно. Можеби не им работи мозокот и сета енергија им е потрошена, па затоа само сакаат да легнат и да заспијат.

9. Изгубени се во мислите

Интровертите многу сакаат да сонуваат со отворени очи. Тие имаат бујна фантазија и понекогаш ненамерно заглавуваат во неа. Што можат да сторат кога нивниот измислен свет е честопати многу подобар од реалниот? Но, затоа секогаш се извинуваат поради нивното заталкување.

10. Им треба време за себе

Понекогаш интровертите биле опкружени со премногу луѓе. Имале гости цела недела, неколку состаноци на работа, излегувања со пријателите кои не можеле да ги одбегнат и едноставно немале време за себе. Потребно им е да се изолираат малку за да можат да ја обноват енергијата. Потребно им е да си ги средат мислите и да си ги одморат телото и умот. Ќе се вратат во нормала за многу кратко време.

Доколку се пронајдовте во овој текст, сигурно ќе се согласите и со следниве 9 знаци дека сте вистински интроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар