Многу луѓе кашлаат, киваат, им тече носот, им солзат очите, ги чеша грлото, им излегуваат осипи и имаат напади на астма како последица од некоја алергија. Доколку и вие се соочувате со таков проблем, сигурно многу ќе ви се допадне следново откритие.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот Аархус во Данска, велат дека нашле начин да ги употребат антителата за да ги спречат алергиските реакции. Истражувачите веруваат дека научните резултати ќе придонесат за развој на комплетно нови лекови за алергија.rnrnСпоред откритијата, луѓето кои се алергични на полен и отров од инсекти може да примат терапија од одредено антитела што ќе ја спречи алергиската реакција уште пред да се случи. Имено, ова антитело предизвикува комплексни биохемиски процеси во човечкото тело кои го спречуваат човечкото алергиско антитело да се закачи за клетките и на тој начин служат како превенција за симптомите што ги предизвикува алергијата.rnrnОва се одлични вести за луѓето кои страдаат од алергии. Нема да треба повеќе да го дочекувате денот со кивање и кашлање.rn
„Сега можеме да ја опишеме интеракцијата на ова антитело со неговата мета и промените што се случуваат. Тоа ни овозможува да разбереме како антителото се бори со алергијата и нејзините посебни рецептори на имунолошките клетки во телото кои ослободуваат хистамин за време на алергиските реакции“, објасниле научниците.
rnМожеби се прашувате зошто некои луѓе имаат алергиски реакции на навидум безопасни супстанции, како што се прашина, влакна од мачка или кикирики. Ако сте алергични на убод од пчела, вашиот имунолошки систем доживува претерана реакција доколку дојде до таков убод и произведува огромна количина на антителото што се вика имуноглобин Е (ИгЕ).rnrnТокму овие хемикалии ги предизвикуваат сите тие здодевни алергиски симптоми. Најчестите терапии за алергија ги напаѓаат рецепторите на овие делови од имунолошкиот систем и ги сведуваат алергиските симптоми на минимум. Сето тоа функционира одлично, но уште подобро би било кога би можело целосно да се спречат алергиските реакции.rnrnТоа е целта на новата терапија која директно го напаѓа имуноглобинот Е. Функцијата на ова антитело е да го спречи врзувањето на имуноглобинот Е со двата рецептори (CD23 и FceRI) на имунолошките клетки и на тој начин да не им дозволи на алергиските молекули да се поврзат.rnrnИстражувачите исто така забележале дека антителото целосно ги отстранува молекулите, дури и откако се поврзат со рецепторите.rn
„Откако ќе се отстрани имуноглобинот Е од имунолошките клетки, не е важно дали телото ќе произведе уште милион други такви молекули. Кога ќе го отстраниме главниот причинител, алергиските реакции и симптоми нема да се случуваат“, изјавиле научниците.
rnИстражувачите спровеле пробни експерименти со крвни клетки од пациенти алергични на полен и отров од инсекти, меѓутоа тврдат дека терапијата може да се примени на речиси сите други видови алергии и астма.rnrnПрочитајте ги и следниве 3 симптоми на алергиска реакција што не смеете да ги игнорирате.