Сигурно сте ја чуле изреката „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Овие зборови кријат голема вистина. Секогаш кога сакаме да смениме нешто, мора да тргнеме од себе, бидејќи постојат работи што се надвор од наша контрола. Сите луѓе ќе ја научат оваа лекција порано или подоцна, на потешкиот или полесниот начин. Следниов натпис бил врежан на надгробната плоча на англиканскиот бискуп во Вестминстерската опатија во 1100 година. Тој самиот се уверил во оваа вистина, но за жал премногу доцна. Прочитајте ги неговите зборови и не ја повторувајте истата грешка…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога бев млад и слободен и кога мојата фантазија не познаваше граници, сонував за тоа да го променам светот. Но, како што станував сѐ постар и помудар сфатив дека светот не сака да се промени.rnrnМалку ги намалив моите очекувања и одлучив да ја променам само мојата земја. Но, и таа делуваше непроменлива. На постари години, во еден очаен обид, решив да го променам само моето семејство, моите најблиски. Но, и тие не го прифатија тоа.rnrnСега додека лежам на смртна постела, одеднаш сфатив: Да се променев најпрво себеси, преку својот пример ќе можев да го променам и моето семејство.rnrnНивната поддршка и охрабрување ќе ми ја дадеа силата со која ќе можев да ја подобрам својата земја и којзнае, можеби тогаш ќе можев да го променам светот.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги и следниве мудри мисли од Наполеон Бонапарта.
Мудрите зборови на англиканскиот бискуп: Како можеме да го промениме светот?
