КАФЕ ПАУЗА

Филм: Томб Рајдер (Tomb Raider)

Written by

in

,
Лара Крофт, огнено независната ќерка на исчезнат авантурист, тргнува во потрага по својот татко на остров што ќе ги тестира нејзините граници

rn(1) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mkРежија: Роар УтагrnrnУлоги: Алисија Викандер, Доминик Вест, Волтон ГогинсrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnПремиера: 16 март 2018rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура,rnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8ndhidEmUbIrnrnКако голем љубител на видео игрите со Лара Крофт (целото детство го поминав рака под рака со неа), никогаш не бев воодушевена од филмските адаптации за мојата омилена хероина. Исто така мора да признам и дека бев малку скептична кога дознав дека слабичката и ниска Алисија Викандер ќе ја замени неверојатната Анџелина Џоли во оваа франшиза, бидејќи сите знаеме како треба да изгледа една Крофт – силно, моќно и незапирливо. Имајќи го сè ова на ум, Алисија Вајкандер не разочарува. Баш напротив, таа воведува необична свежина во ликот на добро познатата ограбувачка на гробови, правејќи го овој филм многу позабавен за гледање во однос на претходните.rnrn(6) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mk (3) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mkrnrnШто се однесува до самата приказна, ако сте ги играле последните две видео игри со Лара Крофт, тогаш сигурна сум дека ќе препознаете доста имиња и сцени што се директно извлечени од нив. Сепак, главната приказна е целосно сменета. За разлика од видео игрите, каде што таа доживува бродолом и случајно завршува на Јаматаи, мистичен остров чие постоење се обидуваше да го докаже заедно со својот тим археолози, овој пат таа трга во потрага по татко си кој исчезнал пред 7 години, исто така на островот Јаматаи, барајќи го гробот на Химико.rnrn(4) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mk (7) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mkrnrnТоа што е навистина интересно во овој филм е фактот што Лара Крофт за прв пат не е претставена како суперхерој што може да ги надмине дури и најневозможните препреки без никаква претходна подготовка. Во овој филм Лара Крофт е огнена и импулсивна, но истовремено и приземјена млада девојка што едвај успева да сврзе крај со крај, соочувајќи се со секоја нова ситуација на истиот начин како што и ние самите би го сториле тоа доколку животот ни е во опасност. Ова ја прави многу полесна за идентификување, па затоа и брзо можеме да се внесеме во филмот и да ѝ се препуштиме на приказната што нè води низ најголемата авантура на нашиот живот. Вајкандер ја хуманизира Крофт, на истиот начин како што и Харисон Форд го прави тоа со својот археолог – Индијана Џоунс. Ви го привлеков вниманието?rnrn(5) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mk (2) film-tomb-rajder-tomb-raider-www.kafepauza.mk