Како да ги преживеете наглите промени на времето?

Сподели

Наглото променување на времето може да предизвика разни проблеми со здравјето, особено кога преминуваме од едно годишно време во друго. По снегот и ниските температури речиси сите нестрпливо ја очекуваат пролетта. Но, често се случува оваа промена да нè „врзе“ за креветот. Скоковите на температурата од висока кон ниска и обратно можат да имаат лошо влијание на крвниот притисок, срцето и циркулацијата. Ова води до разни нарушувања како несоница, главоболки и замор поради кои ќе се чувствувате нервозно. Сепак, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да се справите со овие симптоми.

Реклама

rn

1. Следете ја временската прогноза и подгответе го телото

rnКако што секое утро ја проверувате прогнозата за да знаете што да облечете, потребно е да проверите и дали има најава за драстични разлики помеѓу утринската и дневната температура. На овој начин ќе можете подобро да го подготвите вашето тело. Ако сте метеопат, уште со првата главоболка ќе можете да се напиете апче за болка и да го решите проблемот.rn

2. Излезете во природа и активирајте се

rnКоја било физичка активност од половина час и повеќе ќе го направи телото поотпорно на временските промени. Уште подобро е ако сте физички активни во природа на чист воздух. Активноста во природа ќе ви помогне да се ослободите од стресот и ќе го намали ризикот од појава на главоболка.rn

3. Разновидна исхрана полна со витамини

rnЗдравата исхрана богата со овошје и зеленчук е одличен начин да го намалите влијанието на времето на вашето тело. Покрај тоа, важно е да пиете и доволно вода. Експертите советуваат дека е потребно да внесуваме 2 до 3 литри вода дневно.rn

4. Заменете го кафето со билни чаеви

rnБилните чаеви влијаат на нервниот систем и ќе ви помогнат да се опуштите. Ова има директно влијание на заморот и раздразливоста кои се последица на променливото време. Па во овие денови наместо кафе, наутро напијте се чај од камилица.

Погледнете ги и овие природни лекови против пролетните алергии.

Популарно

Може ќе ве интересира