Пролетта е преубаво годишно време, но со себе носи и голем број алергии. Најчести симптоми кои ги предизвикуваат сезонските алергии се кивавица, солзење на очите, како и воспалено и суво грло. Меѓутоа постојат голем број природни лекови кои можат да ни го олеснат живеењето и уживањето во пролетта. Ова се мал дел од нив.
rn
Камилица
rnАнтивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации. Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.rn
Коприва
rnКопривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.rn
Нане
rnНането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.
rn
Мајчина душица
rnЧајот од мајчина душица помага при лечење на кашлицата, гушење предизвикано од алергија, а има и смирувачко дејство врз воспаленото грло. Ако не сте во можност да најдете свежа, побарајте чај во секоја билна аптека.rn
Мед
rnМедот е одличен лек кој го ублажува кашлањето и воспалението во грлото. Едно лажиче мед и шолја чај можат многу да ви помогнат.
rn
Ѓумбир
rnЃумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.rn
Лута пиперка
rnЛутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

