Како да ги отстраните брчките со еден потег?

Како да ги отстраните брчките со еден потег?

Како жени, поминуваме многу време во грижа за нашиот изглед. Брчките станаа универзален непријател со кој се бориме преку разни типови продукти и третмани на лицето. Како и да е, денеска сакам да зборуваме за поинаков тип брчки. Брчките на нашата гардероба и начинот на кој се бориме против нив. Верувајте ми, борбата е вистинска и тешка! ☺ Во овој текст ќе го споделам моето искуство со пеглањето.

Philips парен генератор

Секоја од нас има свој стил на пеглање. Некои ја земаат гардеробата собрана после неколку пуштени машини за перење и пеглаат сè одеднаш. (Чаша вино или чај со пеглањето? Зошто да не?). Други, пак, ги пеглаат само алиштата што им се потребни во моментот. Некои преферираат да пеглаат пред телевизор за да се релаксираат, а други, пак, сакаат да испеглаат сè набрзина и да завршат со оваа рутина. Јас никогаш не сум била голем фан на пеглањето, но отсекогаш ми било опсесија гардеробата да ми изгледа совршено.

Сите вие кои го имате изгорено вашето омилено парче гардероба и материјалот од блузата се стопил кога сте биле во брзање поради високата температура на пеглата, читајте внимателно: Заборавете сè што знаете за пеглањето!

Пред некое време решив да инвестирам во добар парен генератор по препорака од пријателка и го напишав овој текст како помош за сите вас кои се мачите како мене со пеглањето.

Philips парен генератор Philips парен генератор

Што е парен генератор? Сличен е на пегла, но водата е во посебна база настрана од пеглата и основното правило на работа е дека испушта моќна пареа која навлегува во гардеробата и на тој начин ја пегла. Водата се претвора во пареа и се движи кон пеглата. Со обичните пегли пеглањето се одвива најмногу благодарејќи на топлата плотна. Доколку имаат опции за пареа, најчесто треба да ја надополнувате пеглата неколку пати пред да успеете да завршите со пеглањето и плус, секако остава траги на гардеробата. Со новиот парен генератор, поради тоа што има голем резервоар за вода од 1,8 литри, не го прекинувам пеглањето и немам потреба од дополнување со вода што навистина ми значи. Зафаќа повеќе простор и целиот парен генератор е потежок, но самата пегла е многу полесна од стандардните пегли и лесно се движи врз гардеробата.

Philips парен генератор

Со Philips парниот генератор не постои можност да ја изгорите вашата гардероба додека пеглате! Како е тоа возможно? Дозволете да ви објаснам.

Се случува да направите изгореници на гардеробата. Ќе ве побараат на телефон, некоја друга ситуација ќе ви го одземе вниманието и ќе ја заборавите пеглата предолго врз облеката. Или пак, ќе сетирате погрешна температура за гардеробата која ја пеглате. Ова ми беше најголем проблем со пеглањето! Премногу високата температура прави изгореници, а доколку не е доволно висока температурата, пеглањето не е завршено како што треба…

Купив парен генератор од Philips затоа што пишуваше дека гарантираат пеглање без изгореници, поради специјалната технологија која ја развиле. OptimalTemp ја држи плотната на пеглата со константна температура која не може да создаде изгореници ниту кај деликатните парчиња гардероба, а ја контролирате само количината на пареа како помош при пеглањето! Генијално!

Philips парен генератор Philips парен генератор Philips парен генератор

Вистински помошник на мојот гардеробер ☺. Оваа технологија постои само кај Philips парните генератори, токму поради тоа го спомнувам брендот во овој текст.

Зборувајќи за пареата, како што реков, можете да користите малку пареа за обично пеглање, а постои и можност за појачување на пареата при што парниот генератор исфрла моќна пареа (се мери во грамажа и колку повеќе грама, толку е помоќна пареата). Мојот парен генератор има 490 грама количина на пареа, што беше најмоќната опција кога бирав кој парен генератор да го купам. Благодарение на пареата го користам парниот генератор и за вертикално пеглање – навистина корисно за пеглање блузи со украси кои не можете да ги пеглате на даска, за освежување на палта и костуми, дури и за отстранување на мирисот од цигари и храна!

Philips парен генератор

Памучно здолниште

Philips парен генератор

Полиестер

Philips парен генератор

Волна

Девојки, да бидам искрена никогаш не верував дека пеглањето ќе биде тема за која ќе зборувам со олку возбуда, но парниот генератор со моќната пареа и технологијата која не дозволува изгореници на гардеробата навистина помага да не се грижите како ќе ја поставите пеглата на вашиот омилен фустан или кога сакате да се „исклучите“ и  да поминете еден час во непречено пеглање и одмор на мозокот.

Инвестирав и го купив најдобриот парен генератор од серијата на Philips, но имаат различни модели со технологијата OptimalTemp, па доколку сте заинтересирани погледнете ја нивната веб-страница: www.philips.com.mk/peglanje или веб-страниците на Нептун и Сетек.

Автор: Александра Јовановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар