12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да си го подобрите здравјето

Хемиските токсини се наоѓаат во нашата храна, во воздухот, па дури и во омилените електронски направи. Пестицидите, живата и ураниумот се оние кои најмногу придонесуваат за нарушување на здравјето. Со помош на детоксикација можете да спречите многу здравствени проблеми кои започнуваат како резултат на изложеноста на овие токсини. Во продолжение погледнете 11 совети кои ќе ви помогнат да го исчистите вашето тело.

1. Пијте црвено вино

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Можеби звучи чудно тоа што алкохолен пијалак помага во чистење на организмот. Сепак, многу истражувања покажале дека само една чаша црвено вино на ден може да го подобри нивото на холестерол, па дури и да помогне во борбата против инфекциите на уринарниот тракт.

2. Користете активен јаглен

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Активниот јаглен e всушност изгорено дрво, остатоци, па дури и лушпи од кокос. Изгорената супстанца нема кислород, па апсорбира многу повеќе. Може да отстрани поголем број од токсините, тешките метали и отровите од вашето тело. Се препорачува да испиете една капсула пред оброк или пред консумирање алкохол.

3. Пијте многу вода

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Водата природно ги отстранува лошите супстанци – колку повеќе пиете, толку побрзо токсините се исфрлаат преку урината. Можете да си направите одличен пијалак за чистење на телото: Додајте 2 лажици јаболков оцет во 3,5 литри вода и измешајте. Пијте од течноста секое утро.

4. Избегнувајте рафинирани шеќери

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Рафинираните шеќери и вештачките засладувачи го тераат телото да го блокира природниот метаболизам и да собере премногу гликоза во крвта. Со ова се создава циклус на дебелеење, како и ризик од дијабетес и болести на срцето. Подобро е да користите органски кафеав шеќер, јаворов сируп и други природни засладувачи. Ќе забележите дека вашето тело треба да се ослободи од вишокот шеќер кога ќе чувствувате зголемена потреба за благо.

5. Јадете органска храна

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Органските овошја, зеленчуци и месо не содржат токсини како пестициди и антибиотици. Органската исхрана ќе го подобри вашиот метаболизам и ќе му помогне на дигестивниот систем полесно да ги отстрани непотребните елементи од телото. Преработената храна никогаш не може да има онолку хранливи состојки колку што има органската. Ако можете, одгледувајте ги сами зеленчуците во двор, внатре во вашиот дом, или купувајте ги од локалниот пазар.

6. Исчистете го воздухот од токсини

12 начини да го исчистите вашето тело од токсини и да го подобрите здравјето

Токсините и токсичните супстанци може да влезат во вашиот дом преку прозорците. Па, чистењето на воздухот е одличен начин да не ги вдишувате штетните супстанци. Овде може да ви помогне прочистувач на воздух. Исто така редовно чистете ја прашината од покуќнината и подот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар