Танцувајте и согорете ги калориите со помош на овие 4 забавни видеа со вежби
Сигурно ќе ви биде полесно да издвоите 20 минути во текот на денот за вежбање доколку знаете дека истовремено и ќе се забавувате. Токму затоа и решивме да ви помогнеме да ослабите со помош на танцови рутини што ги обожаваат и славните личности. Овие видеа ќе ви помогнат да останете мотивирани, да работите побрзо, подобро и посилно и да ги запомните движењата за следен пат кога ќе танцувате во дискотека.
1. Латино танци во вашата дневна соба
Овие вежби ќе ви помогнат да изградите поздрав живот, со помалку килограми и без ниту еден грам стрес. Вежбајте секојдневно за најдобри резултати и за само неколку месеци нема да можете да се препознаете!
2. Кардио танци што ги користат славните личности
Моделите на Victoria’s Secret ја користат оваа кардио танцова рутина за да го одржат целото тело во топ форма. Не само што ќе ја добиете посакуваната тежина, туку исто така и лудо ќе се забавувате дур вежбате!
3. Зумба вежби за целото тело
Подгответе се за целосно тонирање на телото со оваа моќна Зумба кореографија! Не, ова не е само уште еден обичен час за танцување. Ова е интензивно вежбачко искуство што не можат да го издржат сите.
4. Танцова рутина за согорување калории
За да ги победите несаканите калории и одвреме-навреме да можете да си дозволите неколку парчиња торта во само еден залак, сè што треба да направите е да ја научите оваа танцова рутина и секојдневно да ја повторувате.
Пробајте ги и овие 8 лесни јога вежби за истегнување на целото тело!