КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба да му се насмевнувате на вашето куче?

Научниците долго време се труделе да сфатат како настанува довербата помеѓу кучињата и човекот. Но, изгледа конечно се нашол одговор на ова прашања. Едно неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Хелсинки покажало дека кучињата без престан ги следат изразите на нашето лице и дека реагираат токму според нив.rnrnzoshto-treba-da-mu-se-nasmevnuvate-na-vasheto-kuche-www.kafepauza.mkrnrnПа, можете да претпоставите зошто секогаш треба да му се насмевнувате на вашето куче? Според резултатите од истражувањето, хормонот окситоцин ја има главната улога во интеракцијата меѓу кучињата и луѓето. Благонаклонетоста и довербата се стекнуваат многу едноставно, односно со само една насмевка што создава испуштање на љубовниот хормон – окситоцин.rnrnЗа да ја потврдат својата теорија, истражувачите спровеле експеримент во кој на група кучиња им покажале фотографии од насмеани и лути лица. Реакцијата на фотографијата кај кучињата била мерена со помош на направа за следење очи. Како што можете и самите да претпоставите, лутите лица им предизвикувале непријатни емоции и тие се подготвувале за реакција (бегање или напад), додека пак, насмеаните лица им предизвикувале пријатни емоции, и тие се чувствувале удобно и безбедно додека ги гледале.rnrnИмајќи го сè ова на ум, најдоброто нешто што можете да го направите за вашето куче е да му се насмевнувате секојпат кога ќе го погледнете. Тоа ќе се чувствува многу побезбедно и поопуштено во ваша близина и многу побрзо ќе создадете близок однос, полн со љубов.rnrnКога сме веќе кај смеењето, погледнете ги и овие фотографии со кучиња со марами на главата кои личат на баби!