Едноставни трикови за совршено селфи во огледало

Сподели

Кога нема кој да ве фотографира, не ви преостанува ништо друго освен да се сликате во огледалото. А овој тренд стана навистина познат на Инстаграм. Сепак, не е доволно само да застанете пред огледалото и да се фотографирате.

Реклама

За совршената селфи фотографија важно е да знаете неколку трикови од професионалците на Инстаграм…rn

Внимавајте на аголот на фотографијата

rnСекој селфи мајстор сигурно добро знае од кој агол изгледа најдобро. Пробајте како изгледате од секоја страна и откријте кој агол на фотографирање ви стои најдобро.rn

Не мора да се гледа целиот аутфит

rnНема потреба да се гледате на фотографијата од глава до пети. Доволно е да се гледа само вашата глава или некој детаљ што сакате да го истакнете. Иако тоа можете да го направите и без огледало, на овој начин ќе изгледа поинтересно.rn

Пронајдете го совршеното огледало

rnСигурно имате налетано на огледала кои ве прошируваат, искривуваат или ве прикажуваат во лошо светло на кој било друг начин. Избегнувајте ги овие огледала и држете се до оние кои ја покажуваат вашата реална, па дури и подобра рефлексија.rn

Исчистете го огледалото

rnАко сакате да се претставите во најдобро светло, пред фотографирање не заборавајте да го исчистите огледалото. Никој нема да забележи каква облека носите ако во центарот на фотографијата има голема дамка од огледалото.rn

Бидете креативни

rnСелфи фотографиите во гледало не мора да ги правите само во вашата соба. Обрнете внимание и на другите огледала кои ги сретнувате во текот на денот, на пример во лифтот или во некои трговски центар.

Погледнете ги и најчестите грешки при правењето селфи фотографии.

Популарно

Може ќе ве интересира