Нема личност која остана имуна на селфи фотографиите, а уште помалку луѓе кои не го користат секој можен момент за да направат совршенo селфи. Меѓутоа, многумина од нас, свесно или несвесно, при фотографирањето селфи умееме да направиме грешки кои може да нè чинат лоша фотографија. Овие грешки се едни од најчестите.
rn
1. Стоите во мрак
rnГрешка која е толку многу очигледна, а која на сите нас порано или подоцна ни се случува. Секогаш настојувајте вашето осветлување во моментот на фотографирањето да биде добро, а најдобро е тоа да биде природно. Едноставно, осветлувањето е најдобриот бјути производ кој можете да си го дозволите, и тоа бесплатно. Уште подобра варијанта е селфи фотографијата да ја фотографирате на сончева светлина.
rn
2. Темно е, а не користите Снепчет
rnДоколку се наоѓате во темна просторија или гледате филм, најдоброто нешто што може да го направите е да ја осветлите вашата фотографија со помош на Снепчет. Така вашата фотографија ќе биде осветлена, а патем можете и да си играте со боите и нијансите.
rn
3. Не користите филтри
rnНекои наши фотографии од себеси подобро изгледаат без филтер, но тоа не значи дека не треба малку да го обработите вашето селфи. За тоа постојат бројни апликации, а на вас останува да одлучите колку и какви промени ќе внесете.
rn
4. Или ставате премногу филтри
rnБаш како што не треба да не ставате филтер воопшто, исто така не треба ни да претерувате со филтрите, бидејќи во спротивно вашата фотографија ќе се обезличи. Потребно е само благо да ја коригирате вашата фотографија, а не да ја поминете низ 55 филтри и на крајот да не личите на себе. Треба да изгледате како човек, а не како лик од анимиран филм.
rn
5. Не водите сметка за аглите
rnНајдобриот совет за правење селфи фотографии кој може да го земеме од Ким Кардашијан е дека треба да водиме сметка за аглите од кои го фотографираме нашето селфи. Секогаш држете ја брадата спуштена, а телефонот подигнат, а добра идеја е и за таа цел да користите слефи стап.
rn
6. Правите само едно селфи
rnКајли Џенер е најдобриот пример за девојка која никогаш не се потпира само на едно селфи. Затоа секогаш настојувајте да фотографирате неколку различни селфи фотографии, а потоа од најдобрите помеѓу нив да изработите колаж кој ќе го поставите на социјалните мрежи. Ако се одлучите само за едно слефи, тогаш добро размислете пред да го објавите.
rn
7. Правите чудни изрази
rnИако си земете слобода да правите различни фацијални експресии, потрудете се вашето лице на слефи фотографиите да не изгледа чудно или искривено. Во ред е да праќате бакнежи или да се смеете, а уште еден добар трик е да замижите пред да се фотографирате, бидејќи тоа ќе направи да изгледате поубаво на фотографиите.

