Причини за појава на влакна на лицето
Влакната на брадата можат да бидат редовна и нормална појава, најчесто поради хормонална нерамнотежа во текот на бременоста или користење контрацепција. Меѓутоа, понекогаш може да бидат знак за некои здравствени проблеми. Погледнете кога влакната на лицето се предизвикани од нешто друго, а не од вашите хормони.
Генетика
Вишокот влакна кај жените се појавува како резултат на генетиката. На пример, ако вашите мајка или баба имаат влакна на лицето, и вам може да ви се случи истото подоцна во животот.
Нерамнотежа на хормоните
Хормоните често се виновни кога нашето тело прави некои абнормални работи, а овде спаѓа и појавата на влакна на брадата. Во овој случај станува збор за премногу машки хормони во женското тело.
Години
Многу жени кои влегуваат во постарата доба од својот живот добиваат влакна на лицето. Понекогаш тие може да се појават и порано, за време на менопаузата бидејќи жените тогаш произведуваат помалку естроген.
Полицистични јајници
Ова е сериозен проблем кој не само што има влијание на појавата на влакна, туку и на репродуктивното здравје. Самата појава на влакна не мора да биде знак на полицистични јајници, но ако влакната се придружени со неправилни менструални циклуси, слабеење и неплодност, тогаш е потребна помош од лекар.
Кушингов синдром
Вишокот влакна понекогаш се поврзува и со Кушингов синдром кој предизвикува преголема количина на хормонот за стрес – кортизол. Тоа се случува кога надбубрежната жлезда произведува премногу од тој хормон или пак производството на кортизол е забрзано поради одредени лекови против артритис или астма. Личноста со Кушингов синдром често има и повисок крвен притисок, дијабетес, појава на влакна и карактеристичен распоред на масното ткиво.
Конгенитална адренална хиперплазија
Оваа состојба обично се дијагностицира уште при раѓањето, па луѓето кои ја имаат се свесни за неа. Нарушувањето претставува неспособност на синтеза на кортизолот во надбубрежната жлезда поради целосен или делумен недостаток на одредени ензими во телото.
Бременост или контрацепција
Бременоста има големо влијание на женското тело, а појавата на вишок влакна не е причина за грижа. Кога хормоните ќе се вратат во нормала, ќе исчезнат и влакната. Исто така, влакната може да се појават и ако земате контрацепциски таблети.
Погледнете и како да се ослободите од поткожните влакна.