Овие древни симболи го претставуваат исцелувањето и ќе ви помогнат да пронајдете мир во себе. Тие ќе ви ги пробудат чувствата на љубов и мир, ќе ви ја подигнат енергијата и ќе направат да се чувствувате подобро. Внимателно погледнете ги и изберете еден за да го добиете советот што во моментов ви е потребен и што целосно ќе го промени вашиот живот!rnrn
rn
1. Спирално сонце
rnНеколку шамански традиционални верувања посочуваат дека Сонцето е првиот шаман, односно првиот исцелител на луѓето. Токму затоа и тоа се смета за симбол на исцелување.rnrnЗатворете ги очите и замислете балон пред себе што ќе го претставува вашиот простор и односот со луѓето. Обидете се и да го дефинирате подобро балонот. Обојте го во боите што ве радуваат. А сега почнете да размислувате на вашиот контакт со луѓето околу себе. Можеби сакате да направите некаква промена во комуникацијата со шефот, партнерот, пријателите или непријателите? Замислете дека балонот е поврзан со природата преку водопад. Пуштете ја целата енергија што ви пречи низ од балонот, од вашиот безбеден простор, низ овој водопад. Ослободете се од сè што ве спречува да градите здрави врски и фокусирајте се на убавите работи во вашиот живот.rn
2. Чо ку реи
rnОдбравте навистина моќен симбол. Енергијата реики постојано се движи низ вас и ако научите како да ја користите, и вашата енергија значително ќе се подобри. Тоа е исто како кога ќе замените сијалица од 50 вати со онаа од 500 вати.rnrnИскористете го овој симбол како знак за почеток на исцелување секојпат кога ќе ви биде потребна дополнителна енергија. Нурнете во убавината на денот. Нека таа ги исполни сите ваши празнини, со цел да носите мир во себе. Откако ова ќе ви премине во навика, ќе сфатите дека самите си создавате рај. Но, како да го постигнете тоа? Едноставно затворете ги очите и фокусирајте се на мислите што ви предизвикуваат убави чувства. Дозволете им на овие емоции да го преплават вашето тело и обидете се да ги задржите што е можно подолго во вас. На овој начин брзо ќе забележите дека сè ќе ви оди од рака.rn
3. Сеи хе ки
rnСтанува збор за симбол што се користи при ментално и емотивно лечење, при заштита, прочистување и балансирање. Овој симбол влегува во сржта на болеста што се крие во потсвеста (емотивниот дел од телото) и во свесноста (физичкиот дел од телото).rnrnКога човечкото тело манифестира болест, често се обидува да пренесе порака дека има потреба од грижа и внимание. Токму тогаш и треба да се искористи овој симбол што ја балансира левата и десната половина на мозокот. Повеќето од нас, ако не и сите, носиме емотивни лузни – трауми што негативно влијаат на нашето здравје и на квалитетот на нашиот живот. Со помош на техниките од енергетската психологија вие можете да ги подобрите сите области од вас што ви предизвикуваат хронична емотивна болка. Станува збор за психолошка акупресура заснована на истите енергетски меридијани што биле користени во традиционалната акупунктура за лечење физички и емотивни болести пред 5.000 години, но без игли. Наместо нив се користеле прстите со кои нежно се удира областа со цел да се пренесе кинетичка енергија на одредени меридијани во главата и градите додека вие размислувате за конкретниот проблем – без разлика дали се работи за трауматични настани, болести, болка, анксиозност… Ова е проследено со позитивна афирмација што гласно ја повторувате.rn
4. Хорово око
rnОва е древен египетски симбол што се поврзува со окултното, но се користи и во модерните магии за мудрост, просперитет, духовна заштита, добро здравје како и зголемена видовитост со цел да се заштитите од крадци и завидливи очи.rnrnРазвојот на Третото око е вовед во натприродното – телепатија, видовитост, луцидно сонување и астрална проекција. Тоа се сите оние тивки места во кои можеме да допреме до нашата срж. Токму тоа и ви е потребно во овој момент, бидејќи ако сте го одбрале, сигурно се чувствувате многу „одвоено“ од себеси. Учењето да го балансирате влијанието на Третото око не е едноставно, и најчесто не може да се случи само од себе. Ќе ви биде потребно многу вежбање и тренирање, бидејќи тоа се отвора намерно и внимателно. Но, ако сте истрајни, животот ќе ви се промени на начини на кои не сте ни можеле да ги замислите досега.rnrnОдберете и еден алхемиски симбол, кликнете на него и дознајте дали наскоро ќе ви се насмевне среќата!rnrn