КАФЕ ПАУЗА

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

Written by

in

,

Постојат луѓе кои се неверојатно шармантни и постојано шират позитивна енергија, па другите се чувствуваат слободни да им пријдат. Но, постојат и оние кои несвесно делуваат како да не сакаат друштво. Луѓето постојано ве одбегнуваат, а вие не можете да сфатите зошто. Доколку се пронаоѓате во овој опис, можеби правите некоја од следниве 13 работи поради што делувате недостапно и недружељубиво…rnrn13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личностrn

1. Имате затворен говор на тело

rnДоколку од некоја причина постојано стоите со вкрстени раце, на тој начин ги одбивате луѓето од себе. Вкрстените раце испраќаат порака дека сакате да бидете сами. Додека стоите, секогаш држете ги рацете слободно пуштени на страна. Исто така, наведнувајте се по малку накај луѓето, не бегајте од нив.rn

2. Одбегнувате контакт со очи

rnАко одбегнувате контакт со очи, тогаш нема сомнеж дека ќе оставите впечаток на недостапни. Никој нема да ви пријде доколку не сте дале значење на неговото постоење со еден обичен поглед. Не плашете се да фатите нечиј поглед. Тоа е знак дека сте расположени за разговор.rn

3. Никогаш не го тргнувате погледот од телефонот

rnНема ништо полошо од тоа постојано да зјапате во телефонот. Тоа не само што ќе направи да делувате како да не сте заинтересирани за контакт со луѓе, туку и ќе изгледате презафатени за разговор. Тоа е најлошата можна комбинација.rn

4. Не се смеете

rnСекако дека не треба со сила да се смеете, доколку не сте расположени. Но, не мора да се насмеете од шестка до шестка за да делувате дружељубиво, доволно е да подарите блага насмевка. Дури и сосема малку позитивниот израз на лицето е попривлечен од неутралниот.rnrn13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личностrn

5. Ненамерно исклучувате луѓе од разговорот

rnПомислете кога последен пат сте разговарале со повеќе нови познајници. Доколку имате навика да исклучувате луѓе од конверзацијата, на тој начин што ќе им свртите грб на пример, или се оддалечите, можеби затоа тие не сакале да продолжат да разговараат со вас.rn

6. Имате навики поради кои делувате нервозно

rnПостојано мрдате со ногата, си играте со косата или тропкате со стапалото. Тоа го правите несвесно, но тоа е знак дека сте премногу нервозни за да разговарате. Одбегнувајте ги овие навики за да делувате подружељубиво. Полесно е да се каже отколку да се направи, но вреди да се обидете.rn

7. Не се грижите за вашиот изглед

rnНормално дека секогаш треба да носите облека што ви е удобна, но некои настани бараат да им обрнете повеќе внимание. Кога сите останати се дотерани, вашата лежерност може да ги одбие луѓето, без разлика дали е тоа праведно или не. Можеби ви делува ова површно, но изгледот навистина има влијание на тоа како ве доживуваат другите.rn

8. Премногу се грижите за вашиот изглед

rnОд друга страна, пак, можеби претерувате со вашите модни комбинации. Доколку секогаш изгледате совршено, може да оставите впечаток на недостапни. Тоа е така затоа што претераната совршеност делува неискрено и лажно. Во ред е понекогаш да излезете со несредена фризура или без шминка. Сепак сте само човек.rnrn13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личностrn

9. Ненамерно се криете зад некои предмети

rnДоколку не сте баш сигурни во себе, потсвесно чувствувате потреба да се скриете. Можеби застанувате зад одредени работи, на пример ја држите чантата пред вас кога сте излезени со друштво или се криете зад вашиот пијалак. На овој начин делувате како да имате поставено штит пред себе и никој нема да се осмели да ви пријде.rn

10. Делувате агресивно

rnНекои луѓе ги мешаат поимите наметливост и агресивност. Мислат дека наметливите луѓе се гласни, неучтиви и напорни. Но, тоа не е точно. Ако сакате да добиете нешто, бидете наметливи но на тој начин што ќе ја зголемите туѓата чувствителност и емоционална интелигенција.rn

11. Гледате во подот

rnКога влегувате во некоја просторија дали ја држите главата крената високо? Или зјапате во вашите чевли? Доколку го правите второто, другите луѓе ќе си помислат дека не сакате друштво. Луѓето треба да ви го видат лицето за да знаат дали сакате да ги запознаете.rn

12. Постојано сте негативни

rnИнтелигентниот сарказам е секогаш добредојден, но доколку 24/7 сте негативни, тоа може да стане малку напорно за околината. Ако постојано ширите негативна енергија, луѓето ќе почнат да ве одбегнуваат. Бидете позитивни за да го зголемите кругот на познајници.rn

13. Не знаете да се шегувате на своја сметка

rnЧовечки е да се греши, но уште почовечки е да се насмеете на тие грешки. Токму затоа луѓето сакаат да бидат во друштво на личности кои не се сфаќаат себеси премногу сериозно. Доколку покажете доза ранливост и смисла за хумор, другите ќе ве сметаат за дружељубиви и привлечни. Насмејте се на своја сметка. Луѓето ќе ве обожаваат поради тоа.