Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

Колекцијата Eve Discovery Collection содржи три луксузни мириси креирани од светски познати парфимеристи.

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

Животот е колекција од приказни. Секој ден претставува нов предизвик, со нови улоги кои треба да се одиграат. По успешното лансирање на двојниот мирис Eve Duet кој може да се меша и со тоа да создава безброј мирисни комбинации, AVON продолжува да ја прославува повеќеслојноста и мултидимензионалноста на жената преку лансирање на колекцијата Eve Discovery. Таа претставува уметничка колекција од индивидуални мириси креирани од неколкумина од најдобрите парфимеристи во светот. Со новата мирисна колекција, жената има шанса да ги усогласи и засили нејзините специјални моменти и да ја искаже својата личност и особеност во секоја прилика.

Холивудската актерка, Ева Мендез ќе биде лицето и на колекцијата Eve, која следи по успешното лансирање на кампањата за парфемот Eve Duet.

„Прекрасно е да имате колекција од уметнички креирани мириси кои може да го направат секој момент посебен, но и можат да ги засилат нашите чувства во било која прилика. Оваа колекција од три мириси ми дава можност да избирам и да покажам каква сакам да бидам, без оглед дали сакам да покажам елеганција (Elegance), самодоверба (Confidence) или привлечност (Allure), што е совршен пристап кој одговара за многу прилики,“ вели Ева.

Заедничката нишка на сите мириси од Eve Discovery е ексклузивната структура која ги поврзува мирисите во една целина како колекција и ја преточува женската силуета во мириси, наречена „Женствениот Код“. Таа содржи вкусни црвени овошки кои ја претставуваат нејзината енергија, нежни цветови – за нејзината индивидуалност и блескави дрвја – за нејзината сила. Сите мириси се во хармонија со некои од најпознатите трендови во светот на парфемите, како што се цветните и овошните композиции.

Мирисите од колекцијата Eve Discovery се создадени од неколкумината најдобри имиња во оваа индустрија, вклучувајќи ги Онорин Бланк (Honorine Blanc), Хари Фримонт Harry Frémont) – единствениот парфимерист кој две години по ред ја освоил Меѓународната награда од француското друштво на парфимеристи, како и Ричард Харпин (Richard Harpin) и Габриела Шелари (Gabriela Chelariu).

Eve Confidence

  • Блескав мирис, оформен во калеидоскоп од свежина кој открива позитивен цветен набој комбиниран со слатката дрвна нагласеност.
  • Ориентален. Ванила. Дрвен.
  • Уверлив. Оптимистичен. Балансиран.

Врвни ноти: круша, црна рибизла, Chantilly (специјална состојка на производителот Firmenich).
Средни ноти: франгипани и индиски јасмин.
Основни ноти: ванила, дабово дрво, Firmenich мошуси.

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

Eve Elegance

  • Пенлив безвременски цветен букет, обвиткан со наплив од калинка и сјајни дрвја.
  • Цветен. Овошен. Мошусен.
  • Елегантен. Грациозен. Едноставен.

Врвни ноти: розов грејпфрут, калинка, магнолија.
Средни ноти: воден јасмин, ливчиња од јасмин, гарденија.
Основни ноти: обвивка од праска, килибарно дрво, мошус.

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

Eve Alluring

  • Сензуалниот цвет Нероли цути врз примамливиот излив на вкусна розова слива и се потпира на вториот слој од дрвната кора и впечатливите мошуси.
  • Oриентален. Цветен. Дрвен.
  • Сензуален. Привлечен. Фасцинантен.

Врвни ноти: розова слива, фрезија
Средни ноти: лист од темјанушка, Нероли, цвет од ирис.
Основни ноти: килибарна есенција, сандалово дрво, Firmenich мошуси.**

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON за засилување на емоциите

За Avon

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи.

Како да го набавите?

Новата мирисна колекција Eve Discovery од AVON ќе биде достапна за продажба преку Претставниците на Avon, почнувајќи од 6-ти февруари. Повеќе информации за мирисната колекција може да се добијат овде.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар