Животот е прекрасен кога се има брат или сестра, но каков е ако сте идентични? Многумина претпоставуваат дека е забавен, но што мислат близнаците ако ги прашате за тоа? Во продолжение прочитајте кои се петте најголеми предности и недостатоци со кои се соочуваат тие.rnrn
rn
ПРЕДНОСТИ
rn
1. Посебен јазик на комуникација и доверба
rnВистина е дека близнаците си имаат свој јазик на комуникација, но исто така и меѓусебната доверба им е на многу високо ниво. Никој друг од семејството како и надвор од него не може да се спореди со близнакот кога на едниот му е потребно да се довери или да побара помош.rn
2. Главен сојузник во нечесни дела
rnСамо оној кој има близнак разбира како е да се има верен партнер кој ќе ве извлече од неволја или пак ќе ве вовлече во неа.rn
3. Постојан другар
rnОвој другар не е за кратки дестинации, овде се работи за животен пријател. Тој е достапен во секое време да ви понуди утеха или да се забавувате.rn
4. Позајмување
rnВашиот идентичен близнак направил прекрасна фотографија од него, па зошто да не ја споделите и вие означувајќи ја како ваша?rn
5. Облека
rnПозајмувањето облека, иако има и свои недостатоци, сепак има и некои предности. Тој/таа има прекрасно парче облека? Не двоумете се, знаете дека ќе ви стои исто добро како и на него/нејзе. Вашиот брат или сестра близнак е како живо огледало кое секогаш ви го дава одразот во 3Д.rnrn
rn
НЕДОСТАТОЦИ
rn
1. Облека
rnПочнуваме со недостатоците, таму каде што застанавме со предностите. Што ако се подготвувате за важен настан и ви се допадне истото парче облека? Опциите се или да се појавите апсолутно идентични на настанот или и двете/двајцата да се откажете од него.rn
2. Еднакви очекувања
rnАко имате близнак со кој ги споделувате физичките карактеристики, не значи дека и успехот ќе ви биде на исто ниво или пак дека ќе имате исти интереси. Во случај едниот да има поголем успех во училиште, веднаш се појавуваат очекувања и другиот да го постигне истото.rn
3. Појавување во јавност
rnТолку е незгодно кога заедно се шетате и сите погледи се вперени кон вас. Но, моментот кога некој ќе посака да ве слика како да сте некоја знаменитост на патување во друг град знае да биде многу непријатно чувство.rn
4. Занемарување на името
rnИмињата на близнаците се занемаруваат. Најчесто сите ги знаат како „близнаците“ или пак постојано им се обраќаат со погрешно име.rn
5. Глупави прашања
rnЛуѓето често знаат да прашаат или кажат некоја глупост. Како да реагирате кога некој ќе ве праша дали знаете колку си личите со вашиот близнак? Не, никој досега не успеал да ве убеди во тоа. :)rn
Автор: Драгана Мициќ