15 лесни начини за да изгледате поубаво кога сте голи
Повеќето луѓе практикуваат ригорозни вежби и диети со цел да се чувствуваат убаво во облеката што ја носат. Но, доколку вие навистина сакате да ги подобрите работите на овој план, прво запрашајте се што можете да направите за да изгледате подобро кога сте голи. Сепак, ако се чувствувате и изгледате убаво додека сте голи, така ќе се чувствувате и ќе изгледате и облечени.
Ова се 15-те начини благодарение на кои ќе изгледате подобро голи, а тие не се толку тешки колку што мислите.
1. Воспоставете рутини во исхраната
Иако сите ви кажуваат да бидете креативни со храната, намалувањето на нејзината разновидност може да ви помогне да внесувате помалку калории по оброк. Тоа што ќе појадувате и ручате исто јадење ќе направи да имате една работа помалку за мислење, што пак може да резултира со попаметен избор на намирници вклучени во оброкот.
2. Користете антицелулитни продукти
Целулитот често е една од причините поради кои жените одбиваат да носат шорцови и бикини во летните денови. Секоја жена има барем малку целулит, па не дозволувајте тој толку да ви влијае на начинот на кој се доживувате себеси. За да ја намалите неговата видливост и да го подобрите изгледот на кожата, можете да изберете некој продукт за отстранување на целулит.
3. Изложувајте се на сонце
Сите изгледаме подобро кога ќе нѐ допрат сончевите зраци, па затоа 20 минути дневно на сонце е сѐ што ви треба за да добиете природен сјај на телото. Плус, витаминот Д помага во намалување на симптомите на анксиозноста и депресијата.
4. Променете ги вашите вежби
Ако сакате да имате подобро тело, треба да вложите малку напор за да ја постигнете таа цел.
Тоа не значи дека треба да се „убиете“ од вежбање во сала за да изгледате подобро. Додадете тегови во вашата рутина или одете дополнителни 10 минути следниот пат кога ќе излезете. Ќе се изненадите колку многу малите промени можат да влијаат на вашето тело.
5. Користете метални тегови со рачка (kettebells) за време на тренингот
Дизајнот и функцијата на овие тегови можат да ги издолжат вашите мускули и да ви дадат изненадувачки добра форма. Не мора да кревате којзнае колку тешки тегови со рачка за да ги почувствувате резултатите. Згора на тоа, тие се забавни за користење во удобноста на вашиот дом.
6. Оставете едно светло вклучено
Фотографите советуваат да ги придушите сите светла во просторијата, но да оставите едно вклучено за вашето тело да изгледа потенко, поцврсто и посјајно.
7. Исчистете го грбот
Кога го чистите телото, не заборавајте на грбот. Ако имате акни на овој дел од телото, купете производ специјално наменет за лекување на акните на грбот, кои вообичаено се потешки за лекување.
8. Внимавајте со депилацијата
Иако депилирањето е естетска и хигиенска навика, сепак постои ризик од опасни инфекции.
Затоа, внимавајте каде и како правите депилација и секогаш одржувајте хигиенски услови. Исто така, иако бразилската депилација на бикини зоната беше хит долго време, сега девојките практикуваат поприроден изглед, а тоа влијае на уште подобар изглед на целото тело.
9. Шминкајте се едноставно и природно
Користете лак за нокти во „nude“ нијанса и нежни кармини наместо шминка во премногу впечатливи бои. Помалку боја – повеќе природна убавина!
10. Користете кокосово масло
Ако сакате да му дадете природен сјај на вашето тело, користете кокосово масло. Вашата кожа не само што ќе биде помека и помазна, туку и ќе изгледа подобро.
11. Користете средства за самопотемнување
Производите за самопотемнување се одличен избор за во студениот период од годината кога немаме можност да го изложуваме целото тело на сонце.
12. Правете вежби за зацврстување на задникот
Вежбата „исчекор“ при што едната нога оди нанапред, а задната нога се истегнува, е навистина многу тешка, но таа може да направи многу за вашиот задник. Почнете со 10 исчекори со секоја нога на ден и ќе ја забележите разликата. Толку секој може да направи.
13. Избегнувајте храна што предизвикува надуеност во стомакот
Ако сакате вашиот стомак да изгледа порамно, треба да исфрлите одредени видови храна кои предизвикуваат надуеност, како што се цитрусните овошја, брокулата, пржената храна и газираните пијалаци.
14. Одете на масажи
Масажата помага да се отстранат токсините од кожата и ѝ дава природен сјај. Плус, чувството е неверојатно.
15. „Зачинете“ го животот
Зачините помагаат во работата на дигестивниот тракт и прават кожата да изгледа помладо. Ако сакате да го подобрите начинот на кој изгледате кога сте голи, додадете малку зачини во вашиот живот и видете колку подобро ќе се чувствувате.
Автор: Драгана Мициќ