Февруари е посебен месец – краток, колеблив и неодлучен… тој ќе помине за миг. Сепак, како и за секој друг месец во годината, така и за овој постојат народни верувања што нашите баби и дедовци ни ги пренесуваат и нам. Тие цврсто веруваат во нив, но новите генерации се малку поскептични. Сепак нема штета во тоа да се знаат, па затоа и решивме да ги споделиме со вас… Што мислите вие за овие народни верувања за февруари?rnrn
rnrnРодените во февруари треба да знаат дека се родени во најсреќниот месец од годината. Токму затоа и сè ќе им оди од рака и ќе имаат многу голем напредок. Личностите родени во февруари ќе бидат одлични во училиште, па затоа и неретко стануваат интелектуалци и познати луѓе. Тие сакаат да патуваат и да запознаваат нови култури. Најголемата опасност им доаѓа од умот, па затоа и треба да внимаваат да не станат премногу горди. Кога е здравјето во прашање, тие најчесто имаат проблеми со нозете, очите и забите.rnrnФевруари е одличен месец за раѓање, но исто така е совршен и за оние што планираат свадба. Според народните верувања, февруарските свадби се долготрајни, скоро како судени.rnrnНашите предци ја предвидувале целата година врз основа на случувањата во природата за време на овој месец. Но, тоа не се бабини деветини, многу од овие народни прогнози и ден денес се остваруваат. На пример, ако убавото време во февруари ги измами мувите да излезат од зимскиот сон, март најверојатно ќе ги убие сите со својата променливост. Од друга страна пак, ако мачка се сонча на февруарското сонце, тогаш во март повторно ќе биде склопчена покрај печка.rnrnАко на Свети Трифун падне дожд, сливата ќе биде многу плодна таа година, но ако времето е сончево и топло во текот на целиот овој месец, зимата ќе се одложи, па може дури и снег да падне во март.rnrnПрочитајте ги и овие 10 работи кои треба да ги знаете за личностите родени во февруари!
Народни верувања за февруари: Што ни носи најкраткиот месец во годината?
