Постојат 4 видови женственост: Кој облик доминира кај вас?

Постојат 4 видови женственост: Кој облик доминира кај вас?

Секоја жена е посебна и уникатна! Имајќи го ова на ум, сепак постојат четири видови женственост што сите жени ги поседуваат, но само една од нив доминира во одредени периоди од животот. Па, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за себе, како и за начинот на кој можете да го подобрите својот живот, пронајдете го вашиот облик подолу…

postojat-4-vidovi-zhenstvenost-koj-oblik-dominira-kaj-vas-www.kafepauza.mk

1. Мајка

Жената што негува, помага, подучува, овозможува љубов и чувство на сигурност. Таа инстинктивно реагира на сите оние нешта што се во процес на настанување, што сè уште не се развиени и имаат потреба од заштита, или пак едноставно се во опасност. Мајката наоѓа исполнување во врските каде што е потребна заштита и помош.

Негативниот аспект на овој вид се постојаните чувства на анксиозност, грижи и недостаток на верба во сопствените сила и самостојност. Овие жени се пронаоѓаат себеси во улогата на мајка и без неа се чувствуваат празно и неисполнето. Токму затоа и лесно можат да западнат во замката на живеење туѓи животи и целосно да се занемарат себеси.

2. Љубовница

Љубовницата е насочена кон создавање цврста врска, пред сè со својот партнер или сопруг, кому целосно е предадена и посветена. За разлика од мајката, во овој вид нагласена е телесната и сексуалната природа на односот. Сè што е поврзано со нејзината љубов, ја засега и неа, па затоа и ги поддржува сите негови интереси и склоности. Љубовницата секогаш бара начин да ја зацврсти врската, блискоста, длабочината и поврзаноста – таа сака целосно да го доживее секој аспект на односот.

Негативната страна на овој вид најчесто се наоѓа во можноста за нерамнотежа во вреднувањето на односот. За мажите, жената може да биде и на второ место, додека пак кај неа тој е секогаш на прво место. Поради ова често има и идеализирање на врската и нереална слика за односот.

3. Амазонка

Амазонката има многу слично размислување како она на мажите во однос на животот и светот. Таа многу добро ги разбира културните и социјалните вредности на своето време и најчесто си е доволна самата на себе. За разлика од мајката и љубовницата, таа не зависи од односот со мажот бидејќи нејзиниот личен развој не зависи од ниту една врска. Станува збор за жени насочени кон кариера, оние кои се незаменливи во својата работа. Често имаат нагласен натпреварувачки дух, а личните проблеми ги потиснуваат или ги ставаат во втор план.

Негативниот аспект на овој вид женственост се гледа во недостатокот на трпение и разбирање за сè што е слабо и сè уште во развој.

4. Посредничка

Оваа жена јасно ја чувствува духовноста, има силна интуиција и може да ги идентификува сите психолошки „вибрации“ во атмосферата околу неа. Со леснотија продира во колективното несвесно и е во состојба да ја открие длабочината на емоциите на другите луѓе, кои ни самите сè уште не се свесни за нивното постоење. Таа знае да биде од голема корист за сите, лесно е да се разговара со неа и има големо разбирање. Со цел да го пренесе на другите тоа што го гледа и чувствува, посредничката мора да најде јазик помеѓу свесното и несвесното. Ова успешно го прави преку уметноста, психологијата, астрологијата…

Негативната страна на посредничката е тоа што таа мора да работи на себе повеќе од другите жени, притоа обидувајќи се да не го заборави своето место во реалноста.

Прочитајте и за овие 9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар