9 неочекувани причини за болка во забите
Речиси никој не сака да оди на заболекар, дури и ако е само за обичен преглед. Причината за ова е тоа што најчесто одиме на заболекар кога имаме проблем со забите. Болката во забите може да биде навистина ужасна, а многу често не ја знаете причината за неа. Всушност, постојат многу работи кои можат да предизвикаат забоболка, а следниве причини без сомнение ќе ве изненадат.
1. Премногу вежбате
Претераното вежбање може да предизвика проблеми со забите. Според едно истражување, атлетите имаат поголеми ризик од ерозија на забите, како губење на глеѓта и појава на кариес. Ако дишете „тешко“, како за време на вежбање, се намалува плунката во вашата уста, а ова им дозволува на бактериите да се размножат.
2. Триење на забите кога спиете
Несвесното триење на забите се случува додека спиете, па многу луѓе не ни знаат дека го прават ова. Некои од симптомите на триење се зголемена чувствителност на забите или болка во вилицата и лицето, главоболка и болка во ушите.
3. Повлекување на непцето
Може да се случи вашето непце да се повлекува од забите. Ова е многу чест проблем и може да предизвика болка. Еден од најраните симптоми на повлекување на непцето е зголемена чувствителност на забите.
4. Имате апцес
Забниот апцес е џеб полн со гној предизвикан од бактериска инфекција. Иако има повеќе причини за ова, симптомите се најчесто исти – постојана болка, чувствителност на топло и ладно и болка додека џвакате. Други симптоми може да бидат отечени лимфни жлезди, како и отоци на образот и лицето.
5. Нарушување на виличниот зглоб
Нарушувањата на виличниот зглоб може да предизвикаат болка во мускулите на вилицата и нејзиниот зглоб. Други симптоми се болка во увото и зголемена чувствителност, проблеми со џвакањето и „заглавување“ на вилицата.
Продолжува на следната страница…