Заморот е непријател на секого. Во тие моменти мислите само на вашиот кревет, но многу често и на долгиот ден кој е пред вас. Сепак, понекогаш не е само недостатокот од сон причина за замор. Важно е и „горивото“ што го внесувате во вашето тело. Нутриционистот Џеки Линч изјавила дека брзата храна може да има големо влијание на вашето ниво на енергија. Таа издвоила 5 видови замор.rnrn
rn
1. Скокови на енергија
rnПостојаното покачување и спуштање на нивото енергија е поврзано со шеќерот во крвта. Со намалувањето и покачување на шеќерот во крвта, се случуваат и овие скокови на енергија.rn
2. Празнина
rnОваа „празнина“ е дефинирана со ниското ниво на магнезиум. Магнезиумот ја поддржува функцијата на мускулите и го регулира одговорот за стрес. Во овој случај можно е да чувствувате грчеви во мускулите, главоболки и палпитации.rn
3. Слаба издржливост
rnВо овој случај, најчесто станува збор за недостаток од железо. Железото е важен дел од хемоглобинот. Ќе се чувствувате многу заморно, а оваа појава е најчеста кај жените со обилни менструации.rn
4. Намалена концентрација
rnАко имате проблеми со концентрацијата, можно е да ви недостигаат некои витамини од групата Б. Многу често тие помагаат во зголемувањето на нивото на енергијата. Хроничниот стрес или честото консумирање алкохол може да ги отстранат Б витамините од вашето тело. За да го зголемите консумирањето Б витамини, внесете во вашата исхрана повеќе зеленчуци подготвени на пареа наместо варени.rn
5. Замор
rnМожеби сте испиле премногу кафе и не можете да спиете. Во овој случај тешко ви е да заспиете, а со ова може да се блокира и апсорбирањето на железо, што само придонесува да се чувствувате уште поизморено. За да го спречите ова, најдобро е да го ограничите пиењето кафе на една шолја дневно. Исто така избегнувајте ги газираните пијалаци кои содржат кофеин.rnrnПа, ако се храните здраво и ако спиете добро, ќе се чувствувате многу подобро и посвежо наредниот ден.rnrnПогледнете уште неколку причини за замор во текот на денот.