Експертите откриваат: Како да препознаете дали препораката за хотел е лажна?

Експертите откриваат: Како да препознаете дали препораката за хотел е лажна?

Јавна тајна е дека хотелите низ целиот свет понекогаш сами се оценуваат на разни веб-сајтови и форуми. За ова, се разбира, создаваат лажни кориснички имиња. Овој начин на промовирање може да излаже многу луѓе. Меѓутоа, експертите конечно откриле начин кој ќе ви помогне да откриете дали коментарите на некои веб-сајтови, како TripAdvisor, се напишани од хотелот или од корисници на хотелот.

Експертите откриваат: Како да препознаете дали препораката за хотел е лажна?

Проучувајќи го јазикот со кој се напишани лажните препораки, експертите откриле како хотелите ги мамат потенцијалните гости. Во лажните препораки најмногу се истакнува дека токму кај нив гостите ќе добијат многу за малку пари. Постојат и други работи на кои треба да внимавате.

Ако во препораката се спомнува местото каде што била сместена личноста, а ако притоа често се повторуваат зборови како „ние“ или „јас“, потребно е да бидете внимателни. Покрај тоа ако препораката или коментарот содржи многу зборови како „навистина“ и „многу“ покрај многу извичници, голема е веројатноста дека се работи за лажен коментар.

Експертите откриваат: Како да препознаете дали препораката за хотел е лажна?

Потребно е да бидете внимателни и ако личноста која го пишувала коментарот јасно нагласува и за некој друг кој ја придружувал на престојот, како сопруг или член од семејството. Покрај тоа, експертите откриле дека во Велика Британија се случувало хотелот да ги поткупи гостите за да остават позитивни коментари на веб-сајтовите.

Научниците од еден познат американски универзитет, замолиле 400 луѓе да напишат лажни коментари и препораки на разни веб-сајтови за патување. На мета им биле хотелите во Чикаго. Потоа, со помош на алгоритам успеале да откријат кои коментари се вистински и точни, а кои лажни со точност од 90%.

„Со векови сме комуницирале гледајќи се лице во лице, но денешната комуникација најчесто се одвива во виртуелниот простор. Ова го отежнува снаоѓањето, односно разликувањето на лажните од вистинските информации“, изјавил професорот за комуникација и информатика Џефри Ханкок.

Погледнете ги и нештата што треба да ги направите на секое патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар