Запознајте ги сестрите што сами започнаа бизнис вреден 12 милиони евра

Запознајте ги сестрите што сами започнаа бизнис вреден 12 милиони евра

Ако сте зависници од шминка, тогаш големи се шансите дека сте чуле за колоритните четки Спектрум (Spectrum) или можеби дури и веќе поседувате една од нив. Сестрите Софи и Хана Пајкрофт го започнале бизнисот во својата гаража во Бери, Велс, и за помалку од 4 години, вредноста на нивната компанија достигнал до 12 милиони евра.

(1) zapoznajte-gi-sestrite-shto-sami-zapochnaa-biznis-vreden-12-milioni-evra-www.kafepauza.mk

„Имавме 24 и 25 години кога разговаравме за оваа идеја“, вели Хана. „И двете работевме како фриленсери во дигиталниот свет. Софи беше фотограф, а јас графички дизајнер.“

Поради недостатокот на работни можности во Велс, што ги опфаќаат нивните способности, и поради нивната желба да останат во родниот град наместо да се преселат во Лондон, тие решиле да направат некаква промена во својот живот и на тој начин го започнале Спектрум. Тоа што воопшто не го ни помислиле е дека ќе развијат кариера.

(3) zapoznajte-gi-sestrite-shto-sami-zapochnaa-biznis-vreden-12-milioni-evra-www.kafepauza.mk

„Сакавме нашата компанија да биде во областа на модата или убавината, бидејќи тоа најмногу ни лежи и ја вложивме сета енергија во нашата страст. Најпрво ги погледнавме можностите во модата, но не можевме да си дозволиме толку голема колекција облека за добро да почнеме. Затоа одлучивме да правиме четки за шминкање. Сметавме дека сите оние што се продаваат се навистина здодевни и одлучивме да го смениме тоа.“

Сестрите инвестирале по 15.000 фунти, односно заедно 30.000 фунти, од нивните заштеди, и го почнале бизнисот без помош и без кредит. И до ден денес, тие сè уште сами го водат бизнисот – не прифатиле ниту една инвестиција од никого.

(4) zapoznajte-gi-sestrite-shto-sami-zapochnaa-biznis-vreden-12-milioni-evra-www.kafepauza.mk

Со ограничен буџет, единствената опција за работна канцеларија била гаражата на Хана. Таа немала ни прозорци, ни вентилација, но откако ќе ја затвореле вратата и ќе го вклучеле радиото, според нив, немало подобро место за работа.

Сепак, во првите 6 месеци нештата не оделе по план. Тие не остварувале скоро никаква продажба, и морале дополнително да работат како фриленсери за да ја одржуваат фирмата во живот. Тоа се случувало скоро 2 години. И тогаш, одеднаш, со продуктот Glam Clam, инспириран од Малечката сирена, тие се пробиле.

(6) zapoznajte-gi-sestrite-shto-sami-zapochnaa-biznis-vreden-12-milioni-evra-www.kafepauza.mk

Денес нивниот тим вклучува 9 вработени и набрзо сите ќе се преселат во поголема канцеларија. Тие повторно одлучиле да останат во својот роден град, Бери, верувајќи дека таму има многу креативен потенцијал, па сакаат да создадат што повеќе работни позиции за оние што се бореле за работа како тие пред неколку години.

И вие сакате да направите нешто вакво, но се плашите? Еве каков совет имаат да ви дадат овие две сестри:

„Кога го започнавме нашиот бизнис, никогаш не преземавме работи што знаевме дека не можеме да ги оствариме. Ние полека го градевме бизнисот, додека истовремено работевме и на нашите фриленс позиции. Многу луѓе мислат дека ако вложат многу пари од почеток, нивниот успех ќе биде гарантиран, но работите не функционираат така. Успехот најмногу зависи од трудот што вие самите ќе го вложите, па мора да најдете начин постојано самите да се мотивирате. Слушајте го вашето срце, познавајте ги своите граници и опкружете се со добар тим.“

(5) zapoznajte-gi-sestrite-shto-sami-zapochnaa-biznis-vreden-12-milioni-evra-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар