9 причини зошто родителите треба да бидат отворени со нивните деца
На некои луѓе им е многу тешко да бидат искрени, особено пред деца кои поставуваат секакви прашања. Но, децата треба да ги знаат сите информации што ги интересираат, особено кога се работи за промените на нивното тело, бидејќи може многу да се исплашат доколку не се свесни за процесот низ кој минуваат. Ова се 9-те причини зошто родителите треба да бидат отворени со нивните деца…
1. Ќе можат да направат личен избор
Доколку сте искрени и отворени со вашите деца, ќе им ги дадете сите информации што им требаат за да го направат вистинскиот избор. Тие ќе можат самостојно да донесуваат одлуки, а тоа е знак на цврст карактер и самодоверба. Освен тоа, на овој начин нивното ментално здравје ќе стане подобро и попозитивно.
2. Ќе изградите меѓусебна доверба
Тоа што сте родители не значи дека автоматски ја заслужувате довербата на вашите деца. Довербата треба се изгради, исто како и меѓусебната почит. Родителот треба да им покаже на децата дека можат да му веруваат и да изгради посебна врска со нив. На тој начин, ќе можете да создадете вечно пријателство со вашето дете.
3. Ќе изградат етички вредности
Многу е важно детето да ги изгради своите морални вредности во текот на животот. Ако сте отворени со вашите деца, ќе ги охрабрите секогаш да се однесуваат етички, да бидат искрени и да го прават она што е правилно.
4. Сексуална едукација
Дали мислите дека вашите родители требало да бидат поискрени со вас кога станува збор за сексуалноста? Кога вашето дете ќе стане тинејџер, ќе мора да разговарате со него на теми, како што се сексуално преносливи болести и правилно користење заштита за време на сексуалните односи. Не заборавајте да им дозволите на децата и тие да го споделат своето мислење и знаење на оваа тема. Доколку како родители само им „сервирате“ еден куп информации, децата може да си помислат дека ги карате или дека направиле нешто погрешно.
5. Ќе им дадете добар пример
Децата учат од примерот на родителите. Ако вашите деца забележале дека сте биле искрени кога касиерката ви вратила повеќе кусур и не сте ги задржале парите, тие ќе научат нешто од таа ситуација и ќе почнат да ги применуваат вашите навики и постапки. Токму затоа, вашата искреност и отвореност кон децата ќе им даде пример што тие природно ќе го следат без да знаат зошто. Кога детето ќе порасне, тоа самото ќе може да препознае што е добро, а што лошо, но нему му треба пример додека е сѐ уште мало.
6. Ќе научат дека треба да ги прифаќаат грешките
Немојте да ги карате децата за да ги казните. Наместо тоа, седнете и поразговарајте со нив. Покажете им дека никогаш нема да ги напуштите. На тој начин, децата ќе научат дека смеат да згрешат понекогаш. Ако им дадете поддршка и разговарате отворено за проблемот, децата ќе разберат зошто се случило тоа и како можат да го поправат. Тие ќе си ја научат лекцијата, но на позитивен и здрав начин.
7. Нема да кријат ништо од вас
Доколку бидете отворени со вашите деца, тие секогаш ќе ви се доверуваат, бидејќи ќе знаат дека помеѓу вас постои заемна почит. Секако дека и понатаму ќе треба да внимавате на нив, но постои голема веројатност дека нема ништо да скријат од вас. Сепак, сите родители се различни и секое семејство е различно. Но, многу е важно кога детето се чувствува пријатно да му се довери на родителот секогаш кога има некаков проблем.
8. Ќе научат да се сакаат себеси
Ако го научите детето дека треба да биде отворено и искрено, тоа ќе научи и како да се сака себеси. Ова е многу важно за понатамошниот живот на децата. Љубовта кон самите себе ќе ги поттикне да разберат дека никој не е совршен и дека тука нема ништо лошо.
9. Нема да ги кријат своите чувства
Честопати децата мислат дека не можат да им се доверат на родителите, бидејќи ќе ги разлутат или ќе ги разочараат. Иако понекогаш се во право, тоа не би требало да биде така. На овој начин, децата и родителите ќе се оддалечат толку многу што тоа ќе се одрази на нивната врска и тогаш кога детето ќе стане повозрасно. Освен тоа, треба да му обезбедите на детето безбеден и сигурен простор каде што ќе може да се „издува“ и да ги искаже своите емоции.
Сите деца се паметни. Децата не се воопшто наивни и многу добро го разбираат говорот на телото, така што можат да препознаат дали некој ја кажува вистината или лаже. Бидете искрени, отворени и што е најважно, бидете тука за вашето дете секогаш кога ќе му бидете потребни.
Доколку не можете да излезете на крај со вашето дете, пред да кренете рака на него, дознајте која казна делува и на најнемирните деца.