ПМС или зошто не можеш да престанеш да јадеш?
Се будиш наутро гладна. Чудно ти е затоа што пред спиење го изеде остатокот од пицата, а се погрижи и за последното парче торта. Си подготвуваш обилен појадок, за да те држи, но после само еден час повторно познатото чувство во стомак. Погледнуваш во календарот (додека грицкаш кекси) и јасно ти е. Пак ПМС!
Речиси и да не постои жена која не би се препозналаво оваа или слична ситуација во деновите пред и за време на месечниот циклус. И се тоа благодарение на промената на нивото на два хормони, кортизол (поврзан со стресот) и серотонин (хормон на ситост). Првиот засилено се лачи, а нивото на вториот опаѓа. Токму оваа комбинација е виновна за вашата зголемена желба за храна, особено за благо. Научно докажано.
И што кога си на диета? Или кога едноставно внимаваш колку и што внесуваш, а чувството на глад не можеш да го скротиш? Темното чоколадо во комбинација со хранливи житарки може многу да ти се најде во тие моменти. Магнезиумот и антиоксидансите во темното чоколадо ќе ти го подобрат расположението и ќе ги намалат грчевите, а житарките заради растителните влакна, ќе те држат сити подолг период.
Таа совршена комбинација на чоколадо и житарки ја има во житните плочки и муслите на Виталиа. Па така следниот пат кога ќе почувствуваш неконтролирана желба за нешто благо, слободно можеш да посегнеш по премиум баровите или безглутенските мусли и барови на Виталиа, баровите од серијата Go nutri, Biters 2 Go или V for Vitality. Така ќе го скротиш „змејот“ во стомакот, но и ќе се снабдиш со доволно енергија и добро расположение. И што е најважно ќе грицкаш без грижа на совест.