8 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл откако ќе се венча со принцот Хари

8 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл откако ќе се венча со принцот Хари

Животот на Меган Маркл драстично ќе се промени. Иако овие промени може да изгледаат како од бајка, некои од нив се навистина тешки. Можеби венчањето со принц е остварување на сон, но ова не значи дека Меган нема да жртвува ништо. За разлика од Кејт Мидлтон која пораснала во Англија, Меган доаѓа од сосема различна држава со различна култура. Ова се работите од кои таа ќе треба да се откаже.

8-raboti-od-koi-kje-treba-da-se-otkazhe-megan-markl-po-venchanjeto-so-princot-hari-kafepauza.mk

1. Социјални мрежи

Кралското семејство не е активно на социјалните мрежи. Иако имаат официјални профили, тие не се лично нивни. Целта на ова е да се зачува нивниот углед и да се заштити нивната приватност.

2. Државјанство

По венчавката, Меган ќе живее во Англија и ќе добие англиско државјанство. Сепак ќе има право да аплицира за двојно државјанство и да го задржи она од САД.

3. Едно од нејзините кучиња

Ова е можеби најтажната промена. Иако ќе може да го земе едното куче со неа, ќе мора да го остави другото бидејќи е премногу старо за селење.

4. Нејзината кариера

Маркл се прослави со улогата во серијата „Костуми“ (Suits). Сега таа ќе треба да се збогува и со серијата и со нејзината кариера како актерка. Да се биде принцеза е работа со полно работно време.

5. Нејзиниот веб-сајт

Неодамна Меган го затвори својот блог „The Tig“ по 3 години работа на него. Како збогување со своите читатели таа напишала:

„Она што започна како проект од страст еволуира во неверојатна заедница од инспирација, поддршка и забава. Ми ги направивте деновите поубави и го исполнивте ова искуство со многу радост.“

6. Нејзината линија облека

Не секој знае дека Меган има дизајнирано облека со компанијата „Reitmans“. Откако ќе стане член на кралското семејство, ќе треба да се откаже и од ова хоби.

7. Не може да биде политички активна

Претходно Меган била активна во полето на политиката и социјалните проблеми. Сега таа ќе треба да се откаже од нејзината добротворна работа со Обединетите Нации, како и од нејзината улога во организациите „World Vision Canada“ и „One Young World“.

8. Нејзината титула

Ова можеби е дел од бајката. Кога ќе стане дел од монархијата, таа ќе добие своја формална титула. Луѓето ќе ѝ се обраќаат или со Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, или Војвотката од Сасекс.

Ако ве интересира нешто повеќе за Меган Маркл, прочитајте ги и нејзините 6 правила за здрав живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар