На Бадник се одржува традиционалната бадникова вечера за која се собираат сите членови на семејството. Но дали знаете зошто се јаде одредена храна и што претставува таа? А што е пак она што не смеете да го изоставите од бадниковата трпеза? Дознајте во продолжение.rnrn
rnrnБадниковата вечер има неколку основни карактеристики. Мораат да бидат собрани сите членови на семејството и постои храна која треба и која не смее да се јаде. Од јадење најчесто се подготвува грав, кисела зелка, пита и риба. Многу често и печената тиква е неизоставен дел од трпезата која се јаде за децата да немале красти.rnrnЗа бадниковата вечер не треба да изостане ни медот што се јаде со ореви, а после Бадник се чува како лек.rnrnПостои традиција каде што пред почетокот на вечерата домаќинот зема сито со ореви и одбира 4, а потоа фрла по еден орев во секој крај од собата. Овој обичај потекнува од древните народни верувања. Наводно оревот е храна за лошите сили и енергии, па неговото фрлање е како мамка која ќе ги растрга овие лоши влијанија.rnrnСпоред верувањето од индогерманските народи, гравот пак е омилена храна на душите на покојните. На овој начин за време на бадниковата вечера се воспоставува симболична врска со нашите предци, кои пак преку храната ни даваат сила.rnrnСлична улога има и медот, додека значењето на рибата е ритуално и не е целосно познато. Во средниот век се врзувало со симболот за Исус.rnrnНа бадниковата вечер не е само храната со симболична улога, туку и пијалаците. Според еден обичај не смее да се пие ракија или вино, односно садот не смее да остане празен. Знаеме дека виното е симбол за крв, па јасно е зошто виното не треба да се испие или да се фрли.rnrnЗа време на јадењето не станува никој и се чека да завршат сите. Кога сите ќе завршат со јадење може да се стане од масата. Многу е важно во овој период семејството да биде заедно и да биде сложно. На овој начин бадниковата вечер е како помен за нашите предци на кои им должиме многу, но истовремено нè потсетува и колку е важно семејството и мирот во него.rnrnПогледнете ги и овие стари и народни верувања за Бадник.
Која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?
