Новиот тренд во светот на тетоважите го носи духот на Матис на вашата кожа. Исто како портретите на францускиот сликар, тетоважите сега имаат апстрактни форми и се нацртани со фини линии.
Трендот се нарекува еднорака или еднолиниска тетоважа, бидејќи како што и самото име кажува, направени се од само една линија. Како главен мотив за овие тетоважи пронаоѓаме лица, контури на тело, цветови и животни. На прв поглед е тешко да се каже што всушност тетоважата би требало да претставува.
Колку повеќе тетоважата е нецелосна и апстрактна толку е поинтересна и пооригинална. Овие тетоважи никогаш не се изработуваат во боја, бидејќи иглата само ги следи фините надворешни линии, односно контурите.
Доколку ви се допадна оваа идеја и сакате да имате една ваква тетоважа на вашето тело, тогаш ви претставуваме неколку идеи кои може да ви послужат како инспирација…
Погледнете ги и овие минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни!

