Тетоважите се вистински хит во денешниот урбан свет и речиси нема човек кој не помислил барем еднаш во својот живот да се тетовира. Тие се форма на уметност, па затоа и некои луѓе ги гледаат едноставно како украси за телото, додека други се тетовираат инспирирани од одреден настан кој за нив имал големо значење и им оставил белег.rnrnЛуѓето кои не сакаат да паѓаат во очи се одлучуваат за минималистички тетоважи кои се особено популарни во последно време. Тие обично се ставаат на помалку видливи места како што се прстите или зад ушите, но иако се дискретни сепак се неверојатно секси.rnrn
rnrnPlayground Tattoo е одличен тату артист од Кореја чија специјалност се токму мини тетоважите од кои има изработено илјадници. Тој неговото дело го опишува само со неколку зборови: Тенка линија, минијатурно, едноставно. Токму такви се неговите тетоважи.rnrnПогледнете ги неговите необични минималистички тетоважи по кои можеби ќе се осмелите и вие да го украсите телото со некое од овие уникатни дела…rnrn
Минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни












