Истражувачите од Харвард го открија најважниот фактор за човечката среќа
Дали некогаш сте слушнале за истражувањето на Харвард што трае веќе 75 години за да открие што нѐ прави среќни? Станува збор за револуционерно истражување во психологијата!
Во истражувањето учествувале 2 групи мажи чии животи биле следени повеќе од 75 години, а сега истражувачите ги следат и животите на нивните деца родени по Втората светска војна за да разберат како доживувањата во детството влијаат на здравјето и благосостојбата во средовечниот период од животот.
Па, што нѐ одржува среќни и здрави во животот? Ако мислите дека се работи за слава и пари, не сте единствени, но според психијатарот Роберт Валдингер, тоа не е воопшто точно. Како автор на 75-годишното истражување, Валдингер има пристап до податоците што откриваат од каде потекнуваат вистинската среќа и задоволство.
Сигурно се прашувате кој е најголемиот фактор што влијае на среќата и благосостојбата.
„Најважната порака што ја добивме од ова 75-годишно истражување е тоа дека добрите врски нѐ прават посреќни и поздрави“, открива Валдингер.
Со други зборови, најголемиот фактор за среќа и исполнетост во животот е љубовта. Поточно, истражувањето покажало дека кога имате на кого да сметате, вашиот нервен систем се опушта, мозокот подобро функционира, а емоционалната болка се намалува.
Освен тоа, податоците од истражувањето потврдуваат дека кај луѓето кои се чувствуваат осамено постои поголема веројатност дека ќе имаат нарушено здравје и ќе починат помлади.
„Не се работи за бројот на пријатели или за тоа дали сте во сериозна врска. Најважен е квалитетот на тие блиски врски“, изјавил Валдингер.
Не е важно дали имате огромна група пријатели или дали сте во совршена љубовна врска. Најважниот фактор е квалитетот на тие врски, односно колку длабочина и искреност постои во нив, колку можете да се опуштите и да бидете свои.
Ова истражување е многу добар потсетник на тоа дека искрените односи со другите луѓе секогаш треба да ни бидат приоритет. Јасно е дека некогаш можеби ќе ги добиете сите пари што сте ги сакале, но ако немате остварено квалитетни врски, нема да бидете среќни.
За да добиете повеќе информации во врска со ова истражување погледнете го ТЕД говорот на Роберт Валдингер кој ја открива тајната на среќата…
Среќата зависи од многу фактори, а квалитетните врски се само еден од нив. Ние ви откриваме уште една тајна на среќата.