КАФЕ ПАУЗА

Несекојдневни спални соби

Несекојдневни спални соби

Дали посакувате да сонувате уште пред да заспиете? Овие необични спални соби ќе ве внесат во светот на фантазијата, каде сите ваши соништа можат да се исполнат.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОваа спална соба се наоѓа на островот Микинос, Грција. Наутро кога ќе станете, можете да се релаксирате во базенот кој е поставен веднаш пред креветот.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnНесекојдневно искуство ви нуди токму оваа хотелска соба која се наоѓа во Шведска. Инспирирана од филмот „Трон“, ова место изгледа како да спиете во светлечки компјутерски чип.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnДоколку ја сакате природата, ќе немате никаков проблем да спиете во ваква спална соба. Оваа соба е дизајнирана од архитектот Ville Hara од Хелсинки.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnХотелска соба во Лондон нуди несекојдневно доживување каде целиот мебел е качен на платформа.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnВо ваква разиграна и шарена соба никогаш нема да ви стане досадно. Доколку телевизорот сместен на таванот не ви го одвлече вниманието, тогаш со сигурност шарените балони ќе ве расположат.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОваа спална соба во форма на гнездо, е совршено место каде можете да се опуштите од напорниот ден. Изгледа толку комфорно, што ќе посакате веднаш да се нурнете во огромните перници.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnОгромниот душек во форма на буквата „L“, означувајќи ја љубовта, е специјално дизајниран за хотелската соба „LLove“, во Токио.rnrnНесекојдневни спални собиrnrnСоба која изгледа како авионска кабина со многубројни копчиња, е вистински предизвик за сите вљубеници во технологијата.rnrnПогледнете како би изгледало да спиете и под водите на Индискиот океан, а ако сте љубители на тематско внатрешно уредување, размислете за пиратска детска соба.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.