Изберете карта и откријте важна животна порака што мора веднаш да ја дознаете

Изберете карта и откријте важна животна порака што мора веднаш да ја дознаете

Погледнете внимателно во картите пред вас, дозволете ѝ на интуицијата да ве води и изберете ја омилената. Во картите се наоѓа порака која се надеваме дека ќе ве инспирира да ги преземете работите во свои раце. Не подоцна, не утре, туку во истиот овој момент и веднаш да го подобрите вашиот живот. Изберете ја онаа карта што најмногу ви се допѓа и откријте ја вашата порака.

1-izberete-karta-i-otkrijte-koja-vazhna-poraka-morate-da-ja-doznaete-www.kafepauza.mk_

Карта број 1:

Оваа карта вели дека е време за нови почетоци! И верувајте дека ќе имате многу шанси за тоа. Овие шанси ќе ве одведат онаму каде што треба да бидете, па во ваш најдобар интерес е да ги следите каде што ќе ве водат. Ќе пронајдете сила и храброст во себе за да зачекорите во непознатото и ќе го направите тоа дури и тогаш кога ќе чувствувате страв. Новите можности може да се појават на полето на љубовните односи, семејните односи или кариерата. Можеби ќе имате можност да патувате и да учите, или да започнете возбудлив нов потфат. Обрнете внимание на знаците за да го фатите вистинскиот момент. Кога сте отворени за нови почетоци, Универзумот ќе ве упати кон следниот логичен чекор.

За да ја подобрите моменталната ситуација, морате да се прилагодите и да се усогласите со природниот ритам и циклус на вашиот живот – циклусите кои ве водат кон возбудлив нов почеток. Бидете оптимистични и амбициозни и препуштете ѝ се на плимата. Прифатете ја мистеријата на непознатото и вашите соништа ќе се остварат.

Порака: Прифатете ги новите почетоци и нека вашите соништа се остварат.

Карта број 2:

Оваа карта покажува дека морате да се фокусирате на вашата состојба и на грижата за себе. Ве поттикнува да истражите на кој начин можете да го подобрите вашето физичко, емотивно и ментално здравје. Без разлика дали истражувате конвенционални или алтернативни методи, важно е да ги ставите на првото место вашето здравје и среќа. Сега е вистинското време да ги елиминирате вашите лоши навики и однесувањата што го попречуваат вашиот успех. На вас останува дали ќе ги направите овие чекори сами или со помош на експерт. Некои од основните навики кои обезбедуваат оптимално здравје се редовните здравствени контроли, правилната исхрана, вежбањето, внесувањето доволна количина вода, добар сон, детоксикација, престој во природа, активности кои релаксираат, избегнување на токсични луѓе и околина, позитивно размислување, медитација или јога, дефинирање на личните граници, смеа и престојување во тишина сами со себе.

За да ја подобрите моменталната ситуација, морате да се усогласите со природниот ритам и циклусите на вашиот живот – циклуси кои ве охрабруваат да го подобрите вашето здравје. Ова не е време за одложување, туку е време за акција.

Порака: Со здраво тело и здрав ум, ќе ја подигнете животната енергија на ново ниво!

Карта број 3:

Оваа карта ви вели да го гледате вашиот живот како авантура. Никој не знае што ќе се случи утре, па зошто да не би го искористиле денешниот ден до максимум? Со избирањето на оваа карта, ќе се охрабрите да исчекорите од рутината на секојдневниот живот за да испробате нови работи. Тоа не мора да биде нешто драматично, доволно е и малку авантура и ентузијазам. Сега е вистинското време за да бидете љубопитни и смели. Можеби ќе сакате да го промените распоредот на мебелот во вашиот дом или стилот на облекување. Испробајте поразлична храна, започнете ново хоби или заминете на патување. Понекогаш и нова верзија на познатите работи знае да го размрда животот. Дури и мал чин на несебична љубезност може да биде авантура за вас.

За да ја подобрите моменталната ситуација, морате да најдете рамнотежа помеѓу природниот ритам и циклусите на вашиот живот – циклуси кои ве водат кон нови искуства и авантури. Уште сега треба да запознавате нови луѓе и да гледате многу работи. Отворете се за непознатото, оживејте ја душата и проширете ги хоризонтите. Авантурите ќе ја стимулираат вашата животна сила.

Порака: Проширете го животното искуство и дозволете ѝ на вашата душа да расте.

Сакате да направите уште еден ваков тест? Која карта ви се допаѓа најмногу? Одберете една, кликнете на неа и дознајте што ќе ви се случи наскоро!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар