Она што луѓето во овој знак ќе го забележат, останатите не би го сфатиле ниту за три животи. Тоа е така затоа што припадниците на знакот Риби се познати по длабоката интуиција, но и емпатија. Заради тоа забележуваат сѐ и чувствуваат многу подлабоко и повеќе од останатите хороскопски знаци.rnrn
rnrnНа Рибите не мора да им кажете дека нешто ве мачи – доволно е само да се појавите, а тие само со еден поглед ќе сфатат дека имате проблем, и ќе патат како сето тоа да им се случува на нив. Од Рибите ништо не можете да сокриете, бидејќи нивната интуиција секогаш ќе ги доведе до вистинскиот одговор. Припадниците на овој хороскопски знак најбрзо и најточно ги сфаќаат настаните, појавите и луѓето околу себе, но токму затоа и патат многу повеќе од останатите знаци. Рибите ќе ги разберат и најлошите човечки постапки и тешко дека ќе ги осудат тие злобници, а уште помалку да ги презираат и да ги отфрлат, дури и доколку самите се повредени.rnrnПокрај тоа што патат повеќе од останатите знаци, Рибите и потешко се снаоѓаат во реалноста затоа што живеат во свој замислен свет. Сепак, ако ви е потребна помош за да идентификувате некоја ситуација, или едноставно ви е потребен некој да ве сослуша и разбере – Рибите се вашиот најдобар избор!rnrnПрочитајте и зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките.
Овој хороскопски знак знае сè пред сите, а заради својата неверојатна интелигенција е осуден да пати
