Брз и едноставен рецепт за новогодишен чоколаден чизкејк
Чоколадниот колач е брзо решение за сите прилики. Сите сакаат чоколадо, а и оние кои велат дека не го сакаат, немаат ништо против да изедат едно парче чоколаден десерт. Денес ви откриваме брз рецепт кој сигурно ќе поскате да го приготвите во текот на празниците кои ни доаѓаат.
Потребни состојки:
- 80 милилитри рум
- 265 грама суво грозје
- 170 грама чоколадни бисквити
- 55 грама бадемово брашно
- 80 грама растопен путер
- 3 лажички желатин во прав
- 500 грама крем сирење
- 60 грама шеќер во прав
- 200 грама растопено црно чоколадо
- 600 милилитри слатка павлака
- 100 грама исечкана црна чоколада
- 80 милилитри слатка павлака
Начин на подготовка
1. Измешајте го румот и сувото грозје. Оставете да отстојат 30 минути.
2. Тавата за печење со пречник од 20 центиметри, обложете ја со хартија за печење.
3. Измешајте ги мелените чоколадни бисквити, бадемовото брашно и растопениот путер. Ставете ги во тавата за печење и држете ги во фрижидер околу 30 минути.
4. Измешајте две лажички ладна вода со желатинот. Оставете да отстои 5 минути.
5. Исцедете го сувото грозје и зачувајте го румот. Со миксер добро измешајте го крем сирењето, шеќерот во прав и румот. Загрејте ја смесата со желатин во микробранова печка околу 30 секунди или додека желатинот не се растопи. Оставете 2 минути да се олади. Додајте го во крем сирењето и измешајте. Измешајте го растопеното чоколадо. Лесно измешајте ја и изматената слатка павлака и сувото грозје со румот.
6. Прелијте ја чоколадната смеса врз кексот и израмнете ја површината. Ставете во фрижидер најмалку 4 часа.
7. Загрејте ја преостанатата слатка павлака во мало тенџере на тивок оган. Кога ќе зоврие, додајте го чоколадото.
8. Прекријте ја тортата со преостанатиот шлаг. Прелијте со чоколадо и послужете.
Доколку сакате уште еден десерт во боите и вкусот на празниците, тогаш ви предлагаме да го подготвите овој карамелизиран чизкејк со јаболка.