КАФЕ ПАУЗА

Што всушност значи да бидете позитивни?

Written by

in

,

Нашите мозоци нè тераат да мислиме дека најлошите работи кои ги чувствуваме се најреални. Дури и кога сакаме да видиме надеж, обично си се враќаме на подготвувањето за бурата која (не) доаѓа. Скептични сме за тоа да бидеме „позитивни“ бидејќи негативноста ја поврзуваме со тоа да бидеме реални и информирани.rnrnshto-vsushnot-znachi-da-bidete-pozitivni-kafepauza.mkrnrnНо колку навистина сме реални кога го правиме ова? Колку всушност сме информирани? Ако погледнете наназад кон вашиот живот, колку пати вашите стравови ја предвиделе иднината или ја рефлектирале реалноста? Колку проблеми сте заборавиле бидејќи се појавил нов проблем кој сте мислеле дека никогаш нема да го решите? Колку пати навистина се случило најлошото можно сценарио?rnrnДа бидете позитивни не значи да ги игнорирате проблемите и да ги потиснувате вашите чувства. Позитивните луѓе не се во заблуда. Тие едноставно не се водени од помислата дека најлошото е вистина. Да бидете позитивни не значи да не ги препознавате ризиците и страдањето. Тоа значи да не верувате дека најлошиот исход е најверојатен. Да бидете позитивни значи да сфатите дека на крајот сè е во ред, а ова е најпродуктивниот и најреалниот поглед кон животот.rnrnДа бидете позитивни значи да барате решенија и одговори наместо проблеми. Тоа значи да верувате дека вистина е она што е полно со љубов и надеж, а не она што е темно и застрашувачко. Тоа е способност и желба за промена. Тоа значи дека не сте личност која само зборува за другите и ги суди. Позитивност е секогаш да се враќате на основата, но и умешноста да ја контролирате основата. Тоа значи да барате помош, да простувате и да се воздржите од судење.rnrnПозитивноста значи да го гледате најдоброто во луѓето и да се надевате дека тие го гледаат најдоброто во вас. Тоа значи дека не се малтретирате за да станете подобри. Кога сте позитивни секој ден ќе се прашувате како можете барем малку да го подобрите вашиот живот. Тоа значи да делувате и покрај вашите стравови. Позитивни сте кога ќе сфатите дека животот не ви се случува, туку тој е ваша рефлексија. Но најважно од сè, да бидете позитивни значи да верувате во вашата контрола.rnrnДа бидете позитивни значи да си ја вратите моќта која отсекогаш била ваша. Да го промените она што можете и да работите на она што можете. Тоа значи да бидете свесни за моќта на вербата и како таа игра улога во вашите искуства. Кога ќе знаете колку контрола можете да имате над себе, можеби ќе престанете да се плашите дека светот ќе ви земе нешто.rnrnДа одберете да верувате во позитивното е да знаете дека вие сте единствените кои можат да ја променат вашата состојба на умот. А ова е центарот од кој зрачи сè и допира сè околу вас.rnrnЗнаевте ли дека луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со многу пријатели?