Жената со високи квалитети е нешто што многу ретко се наоѓа на овој свет. Таа не е премногу напорна и емотивна. Таа не бега од работата и подготвена е да направи сѐ за да ја зачува врската. Ако мислите дека вашата сакана е жена со високи квалитети, тогаш сигурно сте ги забележале следниве 15 знаци кај неа…
rn
1. Има свое мислење
rnТаа не се согласува со вас само за да одбегне конфликт. Ако нешто не ѝ се допаѓа, веднаш ќе ви го даде тоа до знаење. Нејзините мислења се многу силни.rn
2. Се грижи за себе
rnТаа најпрво гледа да си ги исполни своите потреби за да биде среќна. Никогаш нема да страда за луѓето на кои не им е гајле за неа.rn
3. Ве мотивира да ги остварите вашите цели и да ги следите вашите соништа
rnСака да ги правите работите што ви причинуваат задоволство и ве форсира да ги остварите вашите соништа. Таа е вашата најголема поддршка и секогаш е тука кога ви треба. Таа ќе биде до вас без разлика на тоа низ каков период минувате.rn
4. Не игра игри
rnНе се обидува да ви предизвика љубомора и не ве манипулира за да го добие тоа што го сака. Таа е отворена и искрена. Многу добро знае што сака.rn
5. Сака да поминува време сама
rnНе ѝ пречи да поминува време сама. Не мора да бидете заедно 24/7 за да бидете среќни. Довербата што ја имате е повеќе од доволна. Вие сте 2 различни лица и нормално е што понекогаш сакате да бидете сами.rn
6. Ви дава онолку колку што добива од вас
rnТаа вложува исто толкав труд колкав што вложувате и вие во врската. Не очекува од вас да правите сѐ и знае дека љубовта е двонасочна улица. Сака да презема големи одговорности исто како и вие.rn
7. Знае дека никој не е совршен
rnТаа не е совршена. Знае дека понекогаш ќе згреши. Иако нема да ви дозволи да ја искористувате, знае да простува за малите грешки.rn
8. Знае добро да се носи
rnЗнае како да се однесува во друштво на различни луѓе и остава позитивен впечаток на социјалните мрежи. Нејзиниот живот не е отворена книга. Таа е љубезна и пристојна.
rn
9. Има добра смисла за хумор
rnЗнае како да ве насмее и сака да се смее. Смеата е нешто што може да ја подобри врската. Ако можете да се смеете заедно, ќе можете и да ги поминете најтешките периоди.rn
10. Има свои цели
rnТаа има свои соништа и цели исто како што имате и вие. И нејзе ѝ треба вашата поддршка. И двајцата растете заедно.rn
11. Не ве гуши
rnНе е премногу напорна и сака да биде независна. Секако дека сака да бидете заедно, но нема да ве моли да се гледате секој ден. Вие сте 2 различни лица и таа има свој живот надвор од вашата врска.rn
12. Можете да разговарате со неа
rnЛесно е да се разговара со неа и добро ви оди комуникацијата. Наместо да започнете жестока караница, вие разговарате за проблемите. Можете да разговарате отворено на секоја можна тема.rn
13. Знае да ги контролира своите емоции
rnНе им дозволува на емоциите да надвладеат со неа. Таа ќе ви каже ако е вознемирена во врска со нешто, но нема да драматизира. Ова е нешто што треба да го запомните и цените, а не да го злоупотребувате.rn
14. Нема да ви дозволи да ја искористувате
rnАко почувствува дека ја искористувате, нема да остане со вас. Таа знае колку вреди и сака да има врска во која обајцата партнери ќе се трудат подеднакво. Нема да ве моли да бидете тука за неа.rn
15. Одбива да биде дел од нечија драма
rnТаа воопшто не драматизира. Ако постојано и приредувате драми, постојат големи шанси дека врската нема да ви успее. Таа нема да го троши своето време на справување со детски работи.
Доколку вие сте жена со високи квалитети, но не можете да најдете љубов, не се обвинувајте себеси. Не правите ништо погрешно. Не заборавајте дека повеќето жени не знаат како да се справат со силните жени.
Дознајте и кои се 10-те квалитети што секој алфа маж треба да ги бара кај својата девојка.

