Дали ви се здодевни работите кои треба да ги учите на училиште? Дали сакате да стекнете некои навистина необични и практични вештини? Во продолжение погледнете ги најневеројатните курсеви кои можете да ги слушате и да добиете навистина необични сертификати.rn
1. Професионален елф
rn
rnrnВо Алфасколин, „елфско“ училиште во Исланд, можете да научите сè за 13-те различни видови елфови. Учениците во ова училиште се среќаваат со луѓе кои имале личен контакт со овие митски суштества. Тие учат како изгледаат елфовите, каде живеат и какви се нивните врски со луѓето.rn
2. Погребна служба
rn
rnrnКолеџот за погребални служби Гуптон-Џоунс е вистинското место за оние кои сакаат да се вклучат во бизнисот на погребите. Не само што ќе ги научите основните работи како математика и историја, туку ќе научите сè за балсамирањето, како и законите и етиката на мртовечниците.rn
3. Диплома за зомби
rn
rnrnНа Универзитетот Балтимор во САД, во 2010 година се појавил курсот „Употребата на зомбињата во поп културата“. Курсот го води Арнолд Блумберг, професор по дизајн. Овие часови даваат академски поглед кон суштествата и нивната улога во забавата.rn
4. Циркуски вештини
rn
rnrnВо Универзитетот Бет Спа можете да научите многу за циркусот, како и за техниките кои ви се потребни да учествувавте во циркус. Студентите по завршувањето може да бидат професионални артисти и знаат како да ја менаџираат и да ја промовираат нивната работа.rn
5. Водење ранч
rn
rnrnНа колеџот Дип Спрингс во Калифорнија, студентите се одговорни за ранчот. Тие треба да ги молзат кравите, да се грижат за нив, но и да посетуваат предавања. Основната идеја на институцијата е дека физичката работа е исто важна колку и интелектуалното образование за урамнотежен развој на личноста.rn
6. Курс за гладијатори
rn
rnrnУчилиштето за гладијатори се наоѓа во Рим и нуди предавања од 2 часа каде што можете да ги научите основите на борењето и мечувањето. Исто така има и предавања за древната римска историја.rn
7. „Шармирање“ змии
rn
rnrnВо Индија, децата од племето Вади можат да научат како да шармираат отровни змии. Тие почнуваат да тренираат на возраст од 2 години кога се запознаени со смртоносните кобри. Студирањето обично трае 10 години. На 12 години, овие деца веќе знаат сè за контролирањето змии со флејти.rn
8. Трансцендентална медитација
rn
rnrnУчилиштето Махариши во Ајова е навистина необично. Покрај традиционалните предмети кои ги изучуваат речиси сите, се учи и техниката за трансцендентална медитација.rnrnПродолжува на следната страница…rn
