rn
9. Вештерство
rn
rnrnУчилиштето Греј се наоѓа во Калифорнија и е првото официјално признато училиште каде што можете да ги научите тајните на магијата. Студентите се поделени во 4 куќи и може да одбираат да изучуваат 1 од 15-те насоки. Ви звучи познато?rn
10. Ловење сопрузи
rn
rnrnПрвото училиште за ловење сопрузи било отворено во 2010 година во Јапонија. Во овие училишта идните несвести учат како да ги импресионираат сопругот и неговото семејство, како да служат храна, како да се облекуваат пристојно и многу други работи кои се важни во брачниот живот.rn
11. Театарска уметност
rn
rnrnДали сте сонувале да бидете актер или пејач? Денес можете да станете професионален изведувач на колеџот за уметност и наука. Студентите можат да изучуваат театарски традиции, драмска култура и експресивно однесување во перформансот.rn
12. Курс за Дедо Мраз
rn
rnrnУчилиштето Чарлс В. Хауард било отворено во 1937 година. Од тогаш ги учи своите студенти на сè што е поврзано со Свети Никола. Тие учат за историјата на Дедо Мраз, како и за неговата правилна шминка и облекување. Покрај тоа ако учите овде можете да го научите тајниот знаковен јазик на Дедо Мраз, но и да сретнете Дедо Мразовци од целиот свет.rn
13. Часовничарство
rn
rnrnУниверзитетот во Бирмингем, Велика Британија, е единственото место на светот кое нуди курс по часовничарство, наука за часовниците и следењето на времето. На овој курс студентите учат за тоа како се мери времето. Исто така тие учат и како функционираат механичките часовници и се тренирани за нивен дизајн и одржување.rn
14. Качување на дрвја
rn
rnrnОва училиште е лоцирано во Портланд и им овозможува пристап на студентите до места за кои не ни помислиле. Студентите не само што ги учат најбезбедните техники за качување на дрвја, туку се зближуваат и со природата. Притоа сфаќаат колку е важно да ги заштитат шумите за идните генерации.rn
15. Подводно плетење кошници
rn
rnrnУниверзитетот во Аризона навистина го нуди овој курс кој со текот на времето станал и негов заштитен знак. Курсот се одржува за време на фестивалот за учење. За време на овој фестивал можете да посетите многу курсеви кои не носат кредити на факултетот.rn
16. Специјалист за хамбургери
rn
rnrnАко сакате да ја дознаете тајната состојка на хамбургерите која ве тера да ги јадете одново и одново, Универзитетот Хамбургер е совршен за вас. Институцијата е основана во 1961 година во Илиноис, а студентите учат за разните аспекти на менаџирање ресторан.rnrnАко пак барате некоја нова и возбудлива кариера, погледнете ги и најнеобичните работни места.
