Научно докажано: Кој алкохолен пијалак ќе ви помогне да се чувствувате посекси?

Научно докажано: Кој алкохолен пијалак ќе ви помогне да се чувствувате посекси?

Алкохолот може да ве одведе на многу места. Кога мислите на џин тоник, можеби се потсетувате на летниот викенд поминат на плажа со вашите пријатели. Грееното вино можеби ве враќа во удобната фотелја пред топлото огниште за време на празниците. Вотката најверојатно ви буди непријатни сеќавања на првото пијанство. Овие асоцијации се раѓаат од искуствата, но според најновите истражувања, постои алкохолен пијалак што може директно да влијае на вашето расположение, па дури и на вашата сексуалност.

Научно докажано: Кој алкохолен пијалак ќе ви помогне да се чувствувате посекси?

За целите на истражувањето биле искористени податоци од речиси 30.000 луѓе, поврзани со одредени видови алкохол што можат да предизвикаат некои емоции. Учесниците биле на возраст од 18 до 34 години и доаѓале од 21 различна земја. Во период од 12 месеци, испитаниците воделе белешки за тоа дали одредени алкохолни пијалаци им будат негативни или позитивни емоции.

Биле измерени следниве емоции: Енергично, секси, релаксирано, самоуверено, уморно, агресивно, болно, неуморно и тажно. Видовите алкохол биле групирани во 4 категории: Пиво, бело вино, црвено вино и жестоки пијалаци.

Доколку сакате да се чувствувате посекси, следново откритие ќе ви ги отвори очите. 42,4% од испитаниците одговориле дека се чувствуваат значително посекси откако ќе испијат жесток пијалак. Жестоките пијалаци исто така ја зголемувале самодовербата на луѓето (59%) и нивната енергичност (58%). Меѓутоа, треба да бидете свесни и за негативните страни на жестоките пијалаци. Тие будат највисок степен на агресија (кај 30% од учесниците), тага (22%) и неуморност (28%).

Не се разочарувајте доколку претпочитате полесни алкохоли. Виното и пивото се најдобри за опуштање, според 53% и 50% од учесниците. Ако сакате да се релаксирате навечер, одберете црвено вино, бидејќи тоа предизвикува најголем умор, барем според 60% од испитаниците.

Па, нареден пат кога ќе треба да излезете на љубовен состанок и нема да знаете што да се напиете, нарачајте нешто жестоко. Но, прескокнете го јегерот доколку сакате да дремнете и наместо тоа, ставете си чаша добро црвено вино.

А доколку сакате да ги подобрите вашите јазични вештини, одберете го кој било алкохолен пијалак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар