Јапонската кујна е многу здрава и станува сѐ попопуларна и во нашата земја. Ако сакате да јадете риба и морски плодови, тогаш јапонската храна ќе ве воодушеви и секако нема да ве разочара. Овие јадења едноставно мора, што е можно побрзо, да ги испробате!rnrn
rn
1. Сашими
rnОвој оброк често се меша со сушито, но всушност станува збор за сирова риба која обично се сервира со лут сос познат како васаби или целосно потопена во соја сос. Најпопуларни типови на сашими се торо (туна), аби (шкампи), ика (лигни), тако (октопод). Покрај наведените сосови, ова јадење се консумира и со ориз.rnrn
rn
2. Суши
rnОва е најпознатото јапонско јадење и дефинитивно најпопуларното во целиот свет. Во земјата на изгрејсонцето овој оброк се подготвува со варен ориз зачинет со оцет, кој по правило се сервира со сирова или чадена риба. Постојат неколку вида суши, а најпознати се макизуши (суши завиткано во листови морска трева) и инаризуши (тофу полнето со суши и ориз).rnrn
rn
3. Окономијаки
rnОброкот чие име тешко се изговара е всушност составен од јапонски палачинки. Постојат два вида – Кансаи и Хирошима, бидејќи рецептите доаѓаат од тие две области. Кај Кансаи, тестото и состојките се мешаат, а потоа целата смеса се пече од двете страни. Ова јадење е познато и како јапонска пица. Хирошима се тенки палачинки на кои се додаваат состојки во слоеви, а се служат со пржени резанки.rnrn
rn
4. Тепанијаки
rnЈапонците јадат и месо, а ова е вид скара која се подготвува пред гостите во ресторанот. Не само што ова месо е вкусно, туку ако ја посетите Јапонија ќе можете да уживате и во начинот на кој готвачот го приготвува овој специјалитет.rnrn
rn
5. Нудли
rnВо Јапонија се јадат нудли насекаде и секојдневно, а наједноставниот превод на нивното име би бил резанки. Постојат повеќе видови нудли во Јапонија, но оваа храна е слична по вкус и изглед како нашите шпагети.rnrn
rnrnДоколку сте во потрага по здрава и вкусна храна, погледнете кои се најздравите кујни во светот.