Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни
Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.
Лоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.
„Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“
„Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“
„Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.