КАФЕ ПАУЗА

Суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат

Суровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваат

Written by

in

,

Доколку премногу размислувате, сигурно премногу сериозно ги сфаќате туѓите мислења и се обидувате да разберете зошто луѓето го кажале тоа што го кажале. Ако истовремено имате и чувствително срце, тогаш најверојатно претераното размислување ве доведува до лудило, бидејќи се обидувате сѐ да анализирате без да звучите како лудаци.rnrnСуровата вистина за чувствителните луѓе кои премногу размислуваатrnrnЧувствителните луѓе кои премногу размислуваат сметаат дека светот е црно-бел. Не наоѓаат златна средина и не ги гледаат нијансите на сиво. Тие немаат половични чувства. Тие или прават сѐ или не прават ништо, или сакаат или мразат, или се навистина среќни или се навистина тажни.rnrnПонекогаш оставаат впечаток на премногу напорни, премногу чувствителни, премногу нервозни и премногу романтични луѓе. Поради тоа, останатите ги игнорираат, а тоа може да ги направи многу тажно. Но, мора да сфатите дека не може сите да ве сакаат. Доколку не го разберете тоа, секогаш ќе се чувствувате како да не припаѓате никаде.rnrnЧувствителните луѓе кои премногу размислуваат постојано се мачат да бидат присутни во животот, но најчесто не чувствуваат поврзаност со околината и луѓето што ги опкружуваат. Токму затоа, тие најмногу успеваат кога работат сами или изолирани од нивните рутини.rnrnПоголемиот дел од времето копнеат по љубов, но не се осмелуваат да се вљубат. Нивното срце е нежно и надежно, па ако не ја добијат љубовта што ја барале, ќе се скршат на милион парчиња. Потоа, бегаат од светот бидејќи им треба време да заздрават, дури и да не се работело за сериозна врска.rnrnСекогаш се обидуваат да го откријат скриеното значење на работите. Се обидуваат да ја пронајдат смислата на нивната болка, скршено срце, загуби и лекции што ги научиле. Тие не можат да живеат без да ги најдат одговорите на прашањата што ги мачат.rnrnТие имаат посебна врска со универзумот. Понекогаш чувствуваат дека се длабоко поврзани со силна и моќна врска, но понекогаш се чувствуваат толку далечни што мислат дека не го разбираат светот повеќе. Им се чини дека треба да се борат против целиот универзум, а тоа битка што не знаат како да ја добијат.rnrnЧувствителните луѓе кои премногу размислуваат честопати не можат да заспијат навечер и страдаат од несоница, бидејќи креветот е местото каде што нивните најлоши мисли и стравови ги прогонуваат одеднаш. Таму почнуваат да се сомневаат во сето она што го кажале и направиле.rnrnМеѓутоа чувствителните луѓе кои премногу размислуваат, поседуваат некои од најдобрите карактеристики во светот. Тие се талентирани, креативни и уникатни. Имаат неверојатен начин на размислување кој можеби нема да им се допадне на сите, но дефинитивно вреди да се чуе и разбере. Тие имаат висока емоционална интелигенција и токму затоа сите нивни врски, без разлика дали се љубовни или не, се длабоки и искрени.rnrnВо продолжение, прочитајте ги 10-те супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.