Нашето его е ликот кој го играме во животот. Иако секој од нас има различен лик, постојат 12 групи кои можат да ги опфатат сите луѓе на светот. Познатиот психијатар Карл Јунг, кој ја основал аналитичката психологија, ги открил овие 12 архетипови.rnrn
rnrnТој верувал дека овие архетипови отседнуваат во нашата колективна свест. Ги именувал по митолошки симболи и ликови кои биле дел од нашата култура низ историјата. Архетиповите ги претставуваат нашите фундаментални човечки мотиви и будат длабоки емоции во нас. 12-те видови се поделени во 3 групи – Его, Душа и Личност, од по 4 типови. Секоја група е слој во човечката психа.rnrnНа пример, Егото е делот кој би сакале да го перципираат другите, додека Личност е делот од вас кој се обидувате да го чувате за себе. Душата се справува со вашата цел. И покрај 3-те групи, 12-те архетипови се поделени и во 4 групи од по 3. Секоја група ја одредува целта на архетипот.rn
Со кои архетипови се идентификувате најмногу?
rnСекој од нас е уникатен микс од овие архетипови, но сепак се идентификуваме најмногу со еден. Има многу ефективен начин (за повеќето) за да откриете кој од овие архетипови најмногу одговара на вас. Сè што треба да на правите е да погледнете во вашата сенка.rn
Кој е вашиот најголем страв?
rnСлабост: ХеројотrnrnСоздавање ненамерни негативни последици: МагионичаротrnrnНемоќност: БунтовникотrnrnНапуштање: СиракотrnrnПоминување на вашиот живот во досада: Дворскиот шутrnrnДа бидете несакани: ЉубовникотrnrnКазна: НевиниотrnrnДа бидете измамени: МудрецотrnrnЗатвор, и надворешен и внатрешен: ИстражувачотrnrnСебичност: НегувателотrnrnПредавство: УправувачотrnrnПросечност: КреаторотrnrnАко не можете да се одлучите кој е вашиот најголем страв, погледнете ја листава со сите 12 архетипови и нивните детални карактеристики каде што можете да заклучите со кој си одговарате најмногу.rn
ОСТАВАЊЕ ТРАГА ВО СВЕТОТ
rn
1. Херојот
rnТип: ЕгоrnrnМото: Каде што има волја, има и начин.rnrnВнатрешна желба: Да докаже дека е вреден преку храбри дела.rnrnЦел: Да стане мајстор во нешто така што ќе го подобри светот.rnrnНајголем страв: Слабост, ранливост, кукавичлук.rnrnСтратегија: Да биде што е можно посилен и покомпетентен.rnrnСлабост: Ароганција, постојаната потреба за борба.rnrnТалент: Компетентност и храброст.rn
2. Магионичар
rnТип: ЛичностrnrnМото: Јас правам да се случуваат работите.rnrnВнатрешна желба: Да ги разбере фундаменталните закони на универзумот.rnrnЦел: Да ги оствари соништата.rnrnНајголем страв: Непланирани негативни последици.rnrnСтратегија: Да создаде визија и да живее по неа.rnrnСлабост: Манипулација.rnrnТалент: Пронаоѓање ситуации во кои сите победуваат.rn
3. Бунтовникот
rnТип: ДушаrnrnМото: Правилата се создадени за да се прекршат.rnrnВнатрешна желба: Одмазда или револуција.rnrnЦел: Да го победи она што не функционира.rnrnНајголем страв: Да биде немоќен или неефективен.rnrnСтратегија: Наруши, уништи или шокирај.rnrnСлабост: Преминување кон темната страна, криминал.rnrnТалент: Радикална слобода, бесрамност.rn
ГРУПА 2: ПОВРЗУВАЊЕ СО ДРУГИТЕ
rn
4. Сиракот
rnТип: ЕгоrnrnМото: Сите мажи и жени се создадени еднакви.rnrnВнатрешна желба: Поврзување со другите.rnrnЦел: Припадност.rnrnНајголем страв: Да биде оставен или да се разликува од толпата.rnrnСтратегија: Развивање обични цврсти доблести, приземјеност.rnrnСлабост: Губење на своето јас обидувајќи се да се вклопи во општеството и врските.rn
5. Дворскиот шут
rnТип: ЛичностrnrnМото: Живееш само еднаш.rnrnВнатрешна желба: Да живее во моментот уживајќи.rnrnЦел: Одлично да си поминува и да го развесели светот.rnrnНајголем страв: Да му биде здодевно или да им е здодевен на другите.rnrnСтратегија: Игра, шегување.rnrnСлабост: Трошење време, несериозност.rnrnТалент: Радост.rnrnПродолжува на следната страница…rn